Мали тајни на Стојан Тачката

„Лек шо лече повеќе од 50 болести“.

Бидејќи е интердисциплинарен штипски креативец, мал избор од поезијата на Стојан:

Америка

Далеко е Америка дете
И Штип е далеко ако одеш пешки
И Велес е далеко
А ќе речеш Те го дека е.

Минување

Минат денови, месеци, години,
минат автобуси, возови и коли.
Сè мине, само мојта не мине,
ем апче се напи.

Kамен

Камен, на камено камен.
На камено камен, до него камен.
Врз камено камен, до него друг камен, на тај камен - камен.

Титовото напред

Прв Тито одеше пред својата колона,
некои со другите, а некои богами и со сопругите.

Размислување во утринските часови

Часовнико шо звони
од соно ме буди,
надвор веќе почнува зората да руди.
Доаѓа ошче еден ладен зимски ден,
ја сам целио здрвен.
Изгледа ноќеска сам спал откриен,
а џамо бил отворен.
Не знам дали ошче да лежам,
или да станам,
празнико свечано да го одбележам.

19 ноември 2023 - 17:25