Мнозинството Руси сметаат дека Кина, Белорусија и Казахстан (по тој ред) се клучните руски пријатели додека убедливо најголем непријател се САД, покажало истражување на руски центар за сондажи на јавното мислење.
Како пријателски земји се наведени Кина (51 посто од испитаниците), Белорусија (32%) и Казахстан (20%), кои предничат во однос на Индија (9%), Куба (4%), Бразил (4%), Аргентина (3%). Некаде долу на листата пријатели може да се најде и Германија а "дури" еден процент Руси сметаат дека и Америка им е пријател.
Истата земја, овојпат за најголем непријател, ја сметаат 73 проценти Руси. Во оваа група високо се котираат и Украина, Германија, ЕУ, Англија, Полска...
Интересно е што ваквите податоци значајно се разликуваат од последното истражување на иста тема спроведено во 2008, што може да се толкува како резултат на кампањите на државните медиуми во однос на политичкото опкружување на Русија.
Пред 6 години Американците како најголем непријател ги сметале само 25 проценти Руси а љубовта кон Кинезите ја чувствувале само 23 посто.
Описните оценки на Русите за своите пријатели, според белградскиот медиум изгледаат вака:
Белорусија: Речиси се исти како нас. Нивниот претседател води грижа за обичните луѓе и не им дава на валканите богаташи да ги пљачкаат фирмите.
Кина: Русите и Кинезите се браќа засекогаш. Ние ним им продаваме оружје и плин, тие нам сè останато.
Ерменија: Стара христијанска држава која се надева на руска помош во недоразбирањата со Азербејџан. А прават и добар коњак.
Азербејџан: Големи купци на руското оружје. А имаат и добар патлиџан.
Бугарија: Бугарите се наши браќа а доскоро беа речиси 16-та држава на Советскиот Сојуз. Штета што отидоа во НАТО.
Па кај се овде Србите, пичка ви мајчина пијана, зар Србија за мајка Русија е само статистичка грешка?", прашуваат вечно напиздените луѓе од редакцијата на Перо Луковиќ.