Писмо од Љупчо

Лабилниот Коља и неговото право

Имавме деновиве статија за лакомоста по делови од Водно, напишана од човек кој го знае тој проблем од мали нозе. Човекот се потпишува на својот став онака како што се вика - Љупчо. Али, не оди тоа така! Налудничавата двојка Саше Гревот и Коља Мраколитико тука наоѓаат уште една завера (им објавивме линк "Овие пак нè открија"), правејќи една велелепно кретенска приказна дека тоа е уствари Трендо, дека писмото е анонимно, дека каков Љупчо, не ни постои Љупчо. Све ќе беше тоа ок и пак ќе пројдеа лесно, ако не го налутеа човекот. Кој човек? Па, Љупчо. 

Здраво, во врска со писмото потпишано од Љупчо. Јас сум Љупчо, така сум и потпишан. И, Коља, што ти е проблемот та направи "сенародна" мобилизација? Затоа што паранојата не вјарва на анонимните, да се претставам со полно име и презиме: Љупчо Јуруковски, триесет и кусур години привремен жител во една од куќите на "Питу Гули" (кога е кај дедо му и баба му), годинава 10 години заменик уредник на он/офф порталите.

И!?

Уште еднаш: И!?

Погрешно ми е барањето во писмото? Или погрешно ми е што сум го кажал мојот проблем? Или погрешно е што сум го кажал потеклото на проблемот и моето лично неверување дека оваа власт, претходната, идната, или која и да е има намера да ми го реши проблемот и дека на крај јас ќе треба да лежам пред булдожер? Или пак во текстот фалеа барања за линчување, ебење мајки и прогласување мртовци за да биде во тек со твојата новинарска школа? Или па не е човечки да се верува дека едните ништо повеќе не ги заболе за мене од другите? Или па лош беше предлогот за мал апгрејд на пресовите? Или погрешно е што во моментот кога целото внимание е насочено кон проблемот, сум побарал излез за себе и соседите, а не само непродуктивно драње?

Или погрешно е тоа што и јас и ти одлично знаеме дека ова треба да биде само епизода која ќе ти заврши работа за ден / два и потоа никогаш нема да ја спомнеш, ниту пак ќе ви биде гајле што се десило со луѓето? Или погрешно е што утре кога ти и твоиве ќе бидете пак на некоја тромесечна екскурзија во Брисел / Берлин / кај и да е, по некоја НВО основа, јас и уште десет комшии ќе треба да се бориме со булдожери и инвеститори?

Што од ова е проблем за ти да линчуваш други медиуми, да ебеш све по список на новинари и да кажуваш кој медиум што треба да објавува? Јас не знам како на тие околу тебе што седат и те гледаат како прогласуваш душмани на медиумите, еднаш не им текна да кажат - Абе, Коља, нели оние другите прогласуваа душмани на медиумите?

А, Коља?

Па не е можно толку да сте лабилни, толку да не верувате во самите себе, толку да се плашите од сенката на Оффнет. Сериозно, многу народ ве има и паметни сте (со забележливи исклучоци), ама во паник-моуд уопште не изгледате така.

Точно, не сте дораснати за нас, и тоа го гледате десетина години кои ги минавте во завист и мрак. Ама па цело време ве оставаме на раат да си мракувате. Стварно џабе, ама џабе му ги трошите парите на Сорос, не е дека нема пари човекот, ама вие така да му ги спискувате, и пак да сте исти дунстери, па и тоа не иде. Једини успех што до сега го имате постигнато е да го прифатите нивото за дебата што го наметна власта, и целиот јавен муабет да го удавите во муљ.

И покрај ова, не се паничете, ова се вашите 5 минути, оставени сте на раат да труете. И ние сакаме да ве огрее сонце, доста само мрак.

И не е проблемот што сте престрашени и нè гледате како Кербер, проблемот е што стварно не се ни трудиме околу вас, а покрај тоа и најмало наше придвижување го доживувате како најголемиот клин во вашата машинерија. Коља, другар, брат, не сме ние толку јаки, колку што вас не ве бива.

Коља читај го писмото и како реагиравте, и ќе ти стане многу појасно зошто ниту ништо до сега ви нема успеано. Зошто сте јалови до зла бога? Јасно ли ви е дека нешто не штима кога ви е потребно да се мобилизирате за да реагирате и да ја спасувате револуцијата од - едно писмо (искрено напишано, со искрени намери и реален проблем)?

Ако за нешто морам да ви признаам, тоа е што воведовте нов подправец во јаловиот активизам (по успешност спротивен на продуктивниот активзам) - рекетарење со неспособност. Колку вас повеќе не ве бива, толку поголема помош очекувате од сите други.

И дај бе малку апдејтирај ја скриптата што им ја даваш на мињоните кај тебе, доста со глупите фори:
- Саше, закани се дека ќе му фрлиш молотов у редакција, нека цвика малку. Да,а? :))
- Земи прозивај ги сите што се побитни и поуспешни од тебе (што во примерот со твоето опкружување и не е така тешко)
- стај го Трендо на слика до Миленко, и народ ќе почне да ги идентификува како исти..
- ругај го Пимен, ругај го Дежуловиќ, ругај го Панчиќ, ругај ги сите што се поздравиле со Трендо, па нека видат убаво што тебе никој не те дружи... (Прво правило на дружба е - не љубомори ако не те викнат, има и друг ден). Си помислил дека тоа што тебе не те играат, можда не до нив него е до тебе?)

Друже, стварно глупи ти се форите, и лоши. И глупи и лоши.

Плус ми праиш проблем. Ти им се дереш на луѓето околу тебе, па они после ја продолжуваат комуникацијата со ист тон. Они заби кога мијат на четката и се дераат дека е диктатор, а не па во комуникација на Твитер. Смањите доживљај. Најнормални луѓе што ги знам цел живот (10 години де), од твое мракување и тиштење се крајно разбеснети и разгневени, мислејќи дека друг е крив што тебе не ти успеваат работи. (Не дека ќе им замерам за тоа, не сме тука за кратко... Пукај бе братучед, пукај...)

А што се тиче твоиве азгани, пробав да разговарам со Наумо, он ми нареди резиме на сите негови подвизи (без да се увреди, генерално неуспеси) ко ја ордени да ќе делам, и се подаде дека ќе ми ебел нешто. Не верувам дека сум негов тип, сестра немам, брат ми е малку пребирлив па не знам дал ќе се договорат. Мада по мое искуство никој од овие слободарски јебачи што изникнаа на интернетов не се така јебачки настроени кога ќе ги сретнеш во живо. (Меѓу нас, Наумо те доживува како Коља "Патот на Светлината," шубо). Ама некакво решение околу проблемот во писмото не даде.

Ивагал ја замолив да реагира директно таму кај што може или да те замоли тебе да разговараш и да му објасниш на Саше дека ако некоја водителка, новинарка, директорка не му е по кеиф не мора да значи истата е курва, кучка, куртонка... Одговорот ѝ беше -  не бил битен човекот, немал импакт (девојката мери импакт фактор на сајтови), само 200 луѓе го читале, па за 200 луѓе немало она што да ги штити жените.
.
Како што вели старата српска поговорката - знам те Коља кад си Мрак био, прв пат те имам видено пред нешто помалку од десетина години кога доаѓаше во Алуминка да се гребеш гага интернет од Трендо, јер уметниците... хаос... катастрофа...човече..... И тогаш, а и во претходни случаи, ти било излезено во пресрет. Никој не бара ниту фала, ниту тапшање од тебе, али глупо е личниот гнев да го преформулираш во милитизирање на мињоните околу тебе против него. Сериозно, целата работа со објавување, па коментирање, па реобјавување на текстовите со одвратности (да сме искрени со разубавени фото-монтажи и правопис), надополнети со сочни (ама крајно репетитивни, и веќе неинтересни) епитети, најави за ебење и молотови коктели... Енциклопедиски примери на circle-jerk.

Али, ако гневот ви удара на самозадоволување, кои сме па ние да стоиме на патот на вашата среќа?

Го затупев, ко ти да го пишуеш текстот. Коља друже, ти немаш муда за револуцијата што толку радо ја спомињате. Наумо нема муда за револуција. За Ивагал не знам како да го формулирам а да не испаднам шовинист, ама и она нема.  Единствено во што сте добри е да гушите. (За тие што подетално ги интересира оваа стратегија нека го побараат текстот "Гомното нека биде шеф".)

Вашата паника во однос на нас е навредлива спрема луѓето кои навистина се трудат да направат некаква промена во власта во државава. Само им го обезвреднувате трудот и желбата, кога ти и твоите се ставате во центар на вниманието, јачајќи се врз нивните успеси и гребејќи се од нивните подвизи.

На крај од сето ова ти доби мобилизирање на твоите луѓе и уште еден плус. Твоите луѓе добија можност да се изнавикаат и испразнат на уште една тема (а веројатно ќе се надополнат и како одговор на ова). Јас и засегнатите со изградбата на улица на сред брдо заради туѓи бели дворови, добивме заушка за тоа што сме побарале помош и никакво, ама ниту збор за какво било решение во која било форма.

Куќите на Водно во вакви спорни ситуации се градат после повеќе од 5 години... за 5 години јас пак ќе бидам таму, со истиот проблем, тогаш веројатно надополнет и со булдожери, инспекција и работници пред моја врата.

Се надевам и ти посакувам до тогаш ти веќе да бидеш дебело заседнат во длабоката досада на македонската слобода. Да знаеш, ако треба, ќе викам, ваљда нема баш дента баш сите да сте на пат.

Во надеж за долгорочно недослушање,
Љупчо


20 март 2015 - 13:56