таг: ливерпул
„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“ Повеќе |
Се враќаш од работа, навраќаш до кладилна да се пробаш со едно 50че и потоа како ги пратиш утакмиците, така сфаќаш дека 50чето подобро да си го дал за кикирики. Миксот на фини натпревари за играње од Премиер лига и Куп на Италија заврши ужасно лошо. Повеќе |
Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах. Повеќе |
Деновиве популарно на Фејсбук е да ставиш слика од тоа како си изгледал во 2009-та и една од 2019-та и да го пишеш хаштагот #10YearChallenge. Ајде и ние да бидеме популарни и да видиме што има на таа тема на спортски план. Повеќе |
Фудбалерите на Ливерпул сезонава играат неверојатен фудбал. Ги мелат противниците во Премиер лига и Лига на шампиони и заслужено се меѓу главните фаворити за освојување. Повеќе |
На денешен ден пред точно 29 години, Ливерпул го декласираше Свонси со еден гол помалку од Сити против Бартон. Покрај резултатот, од мечот произлезе уште еден легендарен момент, а тоа е гостинскиот навивач кој излезе подобар стрелец од играчите на Свонси. Едвај го фатија. Повеќе |
Ако навивачите на Ливерпул сонуваа за некаква тројна круна сезонава, синоќа Вулверхмптон ги разбуди од сонот и со 2-1 ги елиминираше од реномираниот ФА Куп. Раул Хименез ги донесе „волците“ во водство, Дивок Ориги израмни, а во 55’ Рубен Невеш распали во негов стил од далечина. Повеќе |
По редарот кој поштено се потруди да го одржува мирот на еден натпревар, пред неколку дена и на дербито Манчестер Сити - Ливерпул имаше многу смешна сцена. Францускиот бек Менди кој е повреден влезе на терен да прослави победа со колегите, ама редарите не го препознале. Повеќе |
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции. Повеќе |