Емоции и многу тага на првиот меч на Ливерпул без Жота

Ливерпул му гостуваше на Престон во пријателски предсезонски натпревар (1:3), кој целосно мина во знакот Диого Жота и неговиот брат кои загинаа во собраќајна несреќа.

Капитенот на Престон, Бен Вајтман, положи венец пред трибината каде што се наоѓаа навивачите на Ливерпул.

Клаудија Роуз Магваер, сопругата на поранешниот играч на Престон и голем навивач на Ливерпул, Шон Магваер, ја отпеа песната „Can’t Help Falling In Love“.  

Потоа беше пуштена и химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“, која целиот стадион ја отпеа и ја посвети на Жота.

На сите билборди околу стадионот беа поставени фотографии од Диого Жота и Андре Силва, а играчите од двата тима носеа црни ленти на дресовите. 

14 јули 2025 - 08:48