Српски дипломатски лекции

Дипломатски упатства на српскиот кнез Милош Обреновиќ, дадени на нивниот преговарач Петар Ичко (роден во Катраница, Егејска Македонија) пред да замине на преговори во Цариград (од каде се вратил со спогодбата наречена Ичков Мир). Накратко: не го нуди она што го немаме. 

„Пази добро, Петре, кога ќе бидеш таму, пред султанот, да се курчиш, да видат Турците дека Србија не е за заебанција, дека не можат да прават како им се ќефне.

Ама, Петре, добро води сметка, ако на твоето курчење почне и султанот да се курчи, ти Петре одма да се одкурчиш, оти Србија сепак е мала земја.

И да знаеш, Петре, султанот е слаб на пари и на машко газе. А ние пари, Петре, немаме да ти дадеме.“

19 декември 2022 - 16:52