Кои два клуба ќе палат и гасат во Европа во новата сезона?

Имавме ултра набиена сезона, со многу репрезентативни настапи, Лига на Нации + Квалификации за СП и дополнително, ова смешно и промашено Клупско Светско што дополнително ги измрцвари ултрасилните екипи. Фудбалерите не се роботи.

Сега, откога го видовме и распоредот за следната сезона, можам да ја публикувам мојата прогноза за следната сезона во Европа, кои два клуба ќе го водат главниот збор и во националните првенства и во Лигата на Шампионите...

Теоријата ми е базирана на летниов распуст, а ќе ја сублимирам во само една реченица.

(во текот на сезоната ќе ги објавувам и деталите со кои ќе ве потсетам на овој пост)

Кои се тие два клуба што „ќе палат и гасат", во Европа?

Барса и Ливерпул.

А основата на мојата теорија е што само овие два тима се единствени од големите и силни екипи кои летниов распуст го поминуваат во вистинска пауза, одмор, што би рекол, комплетна психо-физичка рекуперација.

Најважниот сегмент за свежина на фудбалерите е да имаат реален одмор.

Имавме ултра набиена сезона, со многу репрезентативни настапи, Лига на Нации + Квалификации за СП и дополнително, ова смешно и промашено Клупско Светско што дополнително ги измрцвари ултрасилните екипи.

Фудбалерите не се роботи.

Тоа се човечки тела на кои неопходен им е одмор, мир, рекуперација на мускулите, смирување на клетките. Да не споменувам дека сиот тој летен замор со продолжена натпреварувачка сезона го ремети и психичкиот баланс на секој од нив поединечно, како фудбалери.

А допрва следуваат микро подготовките, плус исто така набиена агенда за порано завршување на сезоната на сите три фронта, насекаде, (поради Светското, следната година) и завршница на квалификациите со репрезентациите.

Само фудбалерите на Барса и на Ливерпул ќе имаат вистински одмор од цел месец, плус нешто повеќе.

Рекуперирани, фокусирани и со наполнети батерии во целост.

Ќе си ги одработат мини подготовките лежерно и без многу притисок и стрес.

А потоа започнуваат во силен ритам од самиот старт.

Зборам за десетте големи клубови, што се кремот на европскиот фудбал и од кои ќе се очекува многу низ сезонава која следи.

Јас сум убеден во мојава теорија, а ја имам детализирано и во уште посуштински сегменти. Но, тоа не мора овде да го расплетувам. Тој што разбира фудбал, веќе веднаш знае на што мислам.

Епа дечки, памтете го постот, ќе го анализираме низ сезоната и ќе го финализираме во мај, следната година.

Игор Филевски

3 јули 2025 - 14:47