Цигојнер- шницел е една вообичаена нарачка за традиционални ресторани во кој било град во Германија. Месо по избор (најчесто свинско или телешко), прелиено со пикантен сос (ненадјебивото комбо: пипер- патлиџан) кој Германците веќе 100 години го знаат како "цигански сос".
Но, неодамна ромската популација преку свои претставници почна да негодува за ваквото традиционално име, убедувајќи ги надлежните дека називот е навредлив за нив.
Прв отстапи Хановер кој препорача да се избегнува терминот цигански. Ромскиот форум од Хановер побара и произведувачите на конзервирана храна да го избришат ваквиот назив од своите продукти но тоа беше одбиено од Асоцијацијата на прехрамбени производители која се повика на вековната традиција која никогаш до сега никому не била спорна.
Во кантините на Хановер во последно време истиот сос се нуди како балкански а Циганската шницла сега е "Шницла на балкански начин." Форумот на Ромите соопшти дека е среќен со одлуката на градот и дека ова е е ова мала но значајна победа.
Рецепт за цигански балкански сос:
Време за подоготовка: 30 минути
Исечете кромид. Пржете го додека не биде стаклест. Додајте сечени пиперки (жилиен, коцки, како сакате) во што е можно повеќе бои. Нека се здушат па додајте патлиџан, свеж или од конзерва. Нека се крчка. Додадете малку шеќер (патлиџанот си бара), сол, бибер, коцка супа (боље природно направена, од коски, целери и слично) за да добиете длабочина на вкусот. Ако сакате погусто, брашно. Додајте црвен пипер и зеленило по избор (мајчина душичка, рузмарин, босилек).
Пробајте. Ако е готово и таман, прелијте преку месото. Ако не е готово и таман, направете го такво. Само ви фали уште нешто луто, Шабан и Мостар Севдах Реунион. Отворете пиво или вино. Во друштво кое знае и да ќути.
Коректност на овдешен начин: