Навивачко лудило на терен, Евертон му израмни на Ливерпул во 98-ма

Евертон и Ливерпул го одиграа последното дерби на легендарниот Гудисон Парк кое заврши 2:2. Гостите го свртеа мечот со головите на Мек Алистер и Салах, откако губеа 1:0 во 11 минута, но Џејмс Тарковски ја заби во последните мигови за делириум меѓу навивачите кои влетаа на терен. Тензично беше по крајот на мечот со турканици на теренот, а Дукуре и Џонс заработија црвени картони.

12 февруари 2025 - 22:54