Во Лига Купот на Португалија, Брага со 2-1 го победи Спортинг Лисабон. Ваков натпревар сезонава немало во Европа - судијата подели 10 жолти и дури 4 црвени картони. 90 минути изобилуваа остри прекршоци а кулминираше во 90+3’ минута кога Французинот Жереми Матје намерно и без никаква потреба го удри Вилсон Едуардо. Одма сите му се залетаа, а прв што го штитеше беше Стефан Ристовски.