Таг: брага

У историја на фудбал немало побезвезен гол од овој

Комедијата се случува во Португалија на средбата меѓу Ликсос и Брага за играчи до 23 години. Овде не се знае кој јаде, кој пие и кој плаќа, а главен актер на хаосот е голманот, кој не знае кај тера.

А го видовте ли корнерот на Брага од кој падна еврогол?

Најголемото изненадување во 2. коло од ЛШ го приреди Брага кој го освои Берлин после негатива од 2:0. Погледнете ги каков паметен корнер изведоа Португалците и изгледајте го видеото до крај за да видите каде заврши ударот од камерата која снима зад гол. Ова мора да го вежбале на тренинг. 

Словенец од Панатинаикос се посрамоти на празен гол

Синоќа се одиграа првите три плејоф натпревари во Лига на шампиони. Брага го совлада Панатинаикос со 2:1, а гостите нека го рипнат делот од хајлајтсот во 62-ра минута, кога Андраж Шпорар имаше шанса. Ја гушна стативата од мака.

ВАР технологија vs Гол технологија 1:0

И тоа чудо го видовме, ВАР да и понишни гол на „Гол технологијата“ и тоа чист. Нестварната сцена се случи во Фиренца на дуелот меѓу Фиорентина и Брага во Конференциската лига. Скроз чудно и нејасно.

Да си погледаме евроголови

Тешко е да се испрати и да се види цела фудбалска ревија на голчишта и јаки потези кога е викенд. Еден, втор, трет, ни се присобраа уште четири од изминатово коло кои решивме да ги ставиме во ист кош. Кој од кој поубав.

Дечки, да бутнеме малку да запали, а?

Дуелите меѓу Порто и Брага во Португалија во последниве години се фантастични и изболивуаат со сè и сешто. Синоќа играа прв меч од полуфинале на Купот и дуелот заврши 1:1 откако домаќинот израмни во 90+12' минута од судиското продолжение.

1,18 метри офсајд на португалски начин

Во понеделникот вечер Брага гостуваше кај Мореиренсе во 16. коло од португалската Примеира. Уште во 26' секунда гостите дадоа гол преку Рикардо Хорта, ама судијата им го поништи по консултација со ВАР собата.

А пази ова, Лацио довел играч и платил на погрешен клуб

Се случува човек да утне шифра на сметка за струја, за вода, за телефон, ама да опнеш 11 милиони евра на туѓа сметка ѝ успеало само на управата на Лацио.

Гол кој се гледа неколку пати, не само еднаш

Луд меч со дури 5 гола одиграа Брага и Виториа Гимараеш во Португалија. Во првите 45 минути паднаа 4 погодоци од кои оној на домашниот играч Тринкао за 2-2 во 42' минута се гледа неколку пати.

За него тврдат дека е новиот Роналдо

Имало многу такви најави за наследници на Марадона, Меси и Роналдо, ама досега ниеден не ги оствари тие предвидувања. Овојпат, Барселона од португалска Брага го купила Франсиско Тринкао, 20-годишен крилен напаѓач за кого издвоиле 31 милион евра и кој на „Камп Ноу“ ќе дојде на 1. јули.

Со идиотски фаул направи хаос на теренот, а Ристовски го бранеше

Во Лига Купот на Португалија, Брага со 2-1 го победи Спортинг Лисабон. Ваков натпревар сезонава немало во Европа - судијата подели 10 жолти и дури 4 црвени картони. 90 минути изобилуваа остри прекршоци а кулминираше во 90+3’ минута кога Французинот Жереми Матје намерно и без никаква потреба го удри Вилсон Едуардо. Одма сите му се залетаа, а прв што го штитеше беше Стефан Ристовски.

Овие од Брага многу гледаат Френдс

После две години во Англија и Франција, португалскиот крилен напаѓач Руи Фонте се враќа во Брага. Клубот се решил за една поинаква промоција.

Фаул за судски јавен претрес, а не доби ни жолт

Вториот меч од полуфиналето на португалскиот куп меѓу Брага и Порто заврши 1-1 и клубот од „Драго“ со вкупни 1-4 оди во финале. Во еден момент од средбата Макси Переира ринтна еден играч на Брага со цела снага и не доби ни жолт картон.

Човекот кој прв го победи Гвардиола сезонава и се облече како Зоро

Уште еден производ на плеадата талентирани португалски тренери. Воспитаник на стариот Жорже Жезус, човек кој направил чуда со анонимниот Пасош де Фереира со кој завршил трет зад Бенфика и Порто.

Португалците направија сајт за да му се извинуваат на Едер

Во интервју за португалскиот ТВ канал 24, јунакот на европскиот првак денес ја раскажа неговата тешка животна сторија која ги зачудила Португалците.

Дортмунд - Ливерпул, Атлетик Билбао - Севиља

Големо дерби во четвртфиналето на Лига Европа ќе одиграат Дортмунд и Ливерпул, екипи кои се меѓу главните фаворити за освојување на ова натпреварување.

Ливерпул го слави Кутињо

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако во реваншот со Манчестер Јунајтед одиграа 1:1. Убедливи победи славеа Брага, Севиља и Шахтјор, а понатаму оди и Дортмунд по уште една победа над Тотенхем, овојпат во Лондон.

Што му се случи на Лацио?

Спарта Прага направи големо изненадување вечерва во Рим, откако го декласираше Лацио со 0:3 и Италија после 15 години нема четвртфиналист во Европа. Валенсија залудно го совлада Билбао со 2:1 во меч во кој исклучен беше домашниот тренер Гери Невил.

Бабе каде со раката?

Брага славеше на гостувањето против Маритимо со 1:3, а на третиот гол камерата снимаше во публика и улови баба која со раката почна да...

Четири минути задоволство во ЛЕ

Групната фаза на Лига Европа заврши, се извлекоа двојките за нокаут рундата а нам ни преостана да се потсетиме на најубавите голови досега.