За него тврдат дека е новиот Роналдо

Имало многу такви најави за наследници на Марадона, Меси и Роналдо, ама досега ниеден не ги оствари тие предвидувања. Овојпат, Барселона од португалска Брага го купила Франсиско Тринкао, 20-годишен крилен напаѓач за кого издвоиле 31 милион евра и кој на „Камп Ноу“ ќе дојде на 1. јули.

Интересно е што Каталонците во договорот вметнале и откупна клаузула од дури 500 милиони евра, па кој ќе сака во иднина да го купи младиот Португалец ќе мора да одвои пола милијарда евра.

Роден е на 29 декември 1999 година во Виана до Кастело, Португалија. Почнал да тренира фудбал во младинските категории на Вианенсе па оди во Порто. На крај талентот го покажува во Брага каде дебитира на 28 декември 2018-та.

Еве зошто го бустаат толку:

 

31 јануари 2020 - 13:51