1,18 метри офсајд на португалски начин

Во понеделникот вечер Брага гостуваше кај Мореиренсе во 16. коло од португалската Примеира. Уште во 26' секунда гостите дадоа гол преку Рикардо Хорта, ама судијата им го поништи по консултација со ВАР собата.

Денес луѓето задолжени за ВАР викаат дека Хорта бил 1,18 метри во чиста позиција ама дека не им работела техниката за исцртување линии.

Брага на крај лесно славеше со 0-4 па немаа многу приговори за неправедно поништениот гол поради техничка неисправност на системот за ВАР. 

2 февруари 2021 - 14:28