Таг: вар

Како изгледа ВАР во ракометот и за што се користи?

Фудбалот и ракометот знаат да се пратат едни со други во однос на некои правила и регулативи, како на пример ВАР технологијата која се воведе и во овој спорт. На судиите знае да им се најде во спорни ситуации како на пример дали топката е влезена во гол, дали голот е постигнат по истекувањето на времето или дали има точен број на играчи на терен. Подетално ќе ви објасни координатор на судиите на ЕХФ, Георге Бебецос, а ќе видите и примери од последното ЕП.

Зошто судијата не гледаше ВАР на толку зборување за ВАР?

По беспрекорно организирано Европско, во средата вечер се случи прва голема судиска грешка која што ја изреволтира јавноста. Данска е грубо оштетена за непостоечки пенал и тоа среде продолженија.

Почнува Европско првенство: Кој, каде, кога и како?

Со натпреварот Италија - Турција од 21:00 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе стартува големото и долгоочекувано Евро 2020. За првпат во историјата на еден голем турнир ќе играат и дебитантите Македонија и Финска. Што сè ќе има на Европско летово?

Врвот на ВАР технологијата се случи во Србија

Ќе ви треба повеќе од еднаш да го изгледате видеово за да поверувате дека е вистина. И второ, пуштете погласно да го чуете антологискиот муабет меѓу судијата и камерманот. Му бара да ја премота лентата, а овој му одговара дека е чист пенал како солза. Па нема појако на свет.

А зошто нема ВАР ни гол-линија технологија во квалификации за Светско?

Во актуелниве квалификации за Светско првенство 2022 уште еднаш се докажа дека ВАР е многу потребен секогаш и секаде. Се случија две големи судиски грешки кои директно влијаеа на крајниот исход.

1,18 метри офсајд на португалски начин

Во понеделникот вечер Брага гостуваше кај Мореиренсе во 16. коло од португалската Примеира. Уште во 26' секунда гостите дадоа гол преку Рикардо Хорта, ама судијата им го поништи по консултација со ВАР собата.

Контроверзниот гол на Сити кој внесе целосна конфузија

Сте виделе ли до сега ваква ситуација во Премиер лигата: Линискиот судија покажува офсајд, играчите застануваат, Сити дава гол, а ВАР го признава?

ВАР на турски начин

Фенербахче славеше против Аланијаспор со 2:1 во турското првенство, а во еден момент на домаќините им поништија гол поради офсајд. ВАР снимката од ситуацијата вака отиде во етер:

ВАР ја намалил веројатноста на грешки од 7,9% на 1,7% што е прекрасно

Сериозно обемна научна студија покажала дека едно сецкање на мечот за прегледување на ВАР трае во просек 40-ина секунди. А активно се игра фудбал 52-56 минути, прекините за спремање слободен удар, аут, прекршоци, изведување корнери итн. изнесува 30 минути. Па стрпете се за поправеден фудбал.

Го имаме ли најбрзиот ВАР во историјата на фудбалот?

Сценава со чудново екранче, на прва ќе ви изгледа како да е некоја пародија, а тоа да ти биде МЛС лигата каде судијата се брзаше како да е крај на светот. Помалку од секунда потроши на ВАР проверка за што уствари треба да решава гол технологијата, а Сан Хозе со овој гол го израмни резултатот против Портланд.

ВАР е решение или проблем? Серија А бележи рекорден број на пенали

Големата технолошка поддршка за проценки на судиите требаше да биде начин кој ќе помогне да се ограничат контроверзите, кои излезе дека само се зголемија.

Го видовте ли најчудниот гол на полусезона во Премиер лига?

Минатиот четврток, Џонџо Шелви, најдобриот играч на Њукасл, стана херој на мечот против Манчестер Сити, а во четвртокот вечер против Шефилд го даде најчудниот гол на сезоната.

Каде има овде прекршок врз Роналдо и колку е релевантен ВАР?

Една сезона не може да помине во италијанско без контроверзи кои обично се случуваат во шеснаесетник. Во оваа спортска среда на удар се средбите Јуве – Џенова и Наполи – Аталанта или поточно оние кои неколку години по ред се јадат за врвот. Де Лаурентис распали по Рицоли, кој е главен на судиска.

ВАР пред и потоа со Рој Хоџсон на клупата

Вест Хем поведе со 1-0 и за очекување беше да ги освои трите бода, но Кристал Палас направи целосен пресврт и со голот на Џордан Ајо (се прегледуваше на ВАР) ги однесе бодовите дома. Стариот волк Рој Хоџсон имаше интересен израз на лицето пред, за време и по прегледувањето на ВАР.

Како може со ВАР да ти се одмили роденденот?

Навиваш за Вест Хем и водиш 1:0 против Кристал Палас. Прво ти израмнуваат, а потоа во 87-ма минута додека дуваш торта, се вртиш да видиш што одлучила технологијата за спорниот гол на гостите.

Со сиот памет покажа ВАР, а го немаат воведено

Царот на колото се вика Раул Орско и суди во боливиското фудбалско првенство. Арно ама понекогаш и самиот не знае што суди. Го викна линискиот нешто на муабет и потоа влезе некако напалено на терен мисли ЛШ суди и ги крена рацете за ВАР, само уште да имаше ВАР во Боливија. Потоа се сецна и виде невиде пенал свирна, па овие го промашија. Каша попара ситуација.

Обезбедувањето на претседателот на Бразил криво што судијата не гледал ВАР

Аргентинците уште не можат да го преболат поразот од вечниот ривал Бразил, но за едно се сигурно во право: главниот судија на мечот мораше да погледне видео повторување на две многу спорни ситуации.

Ај најдете му НЗС на пеналов

Сè што може да НЕ очекувате се случи во овој удар од 11 метри. 1.Сопка 2.Асистенција 3.Гол на друг играч. 4.ВАР 5.Поништен гол. Ваков хаотичен пенал не се видело до сега, а му успеа на Макаби Тел Авив.

Кук ли е, рака ли е?

Ваква драма како англиското дерби ретко се гледа во Лига на шампиони. 7 гола, признат гол со ВАР за пласман во полуфинале и троа спорен, па поништен гол со ВАР за елиминација и тоа во 93-та минута. Гвардиола во живот не скокал волку од радост и тоа за џабе.

Шампион на колото - покажа со рацете ВАР одлука, а немаат ВАР

Колумбискиот судија Вилмар Ролдан (викаат дека бил најдобар судија во тамошната лига), на мечот Букараманга - Санта Фе во првата дивизија, се консултирал со помошникот линиски судија после што со рацете гестикулирал пенал по прегледан ВАР. А во Колумбија уште нема ВАР.

ВАР за кој навивачите скандираа: На полноќ ќе завршиме

Фрозиноне и Парма синоќа одиграа доста возбудлив натпревар кој заврши 3:2 за домаќините. Супер е тоа што видео технологијата помага и ги намалува грешките, ама луѓево сафра ги фати на стадион, а играчите имаа фудбалска партија која траеше 115 минути.

Како тоа во ВАР собата немаше никој?

Мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид го одбележа една несекојдневна сцена на која се зачудија сите што го гледаа преносот. Среќа стигна објаснување, инаку ќе беше големата.

Гаљардини од Интер на мобилен му покажуваше за пеналот на судијата

Додека се играа две мега дерби средби во Англија меѓу Јунајтед и Ливерпул и Сити и Челси кои завршија досадно 0:0, во Италија Фиорентина и Интер одиграа луд меч со дури 6 погодоци.