Манчестер Сити пукна петарда на гостувањето против ВБА, а сите зборуваат за вториот гол кој е мешавина на неправда, комедија и пред се конфузија.
Чудната ситуација почна откако асистентката Сиан Меси Елис со големо задоцнување го крена знаменцето откако забележа дека Бернардо Силва е во офсајд.
Играчите на ВБА подзастанаа, а Кансело ја финишираше акцијата со гол и покрај тоа што беше прекината од страна на судиите. На забавената снимка се виде дека тоа без дилеми е офсајд. Или не?
И покрај тоа што тука немаше простор сомнеж, сепак снимката од ВАР собата ја повлече линијата и покажа нешто друго. Силва не е во офсајд, што значи голот е регуларен.
Една работа е што прво збунуваат двете закочени снимки кои се косат една со друга, а друга што фудбалерите на ВБА имаат право да се бунат, бидејќи примија гол откако не го чуваа Кансело, почитувајќи ја судиската одлука дека треба да застанат.
„Ги разбирам играчите на ВБА и нивните жалби. Но многу пати на мојот тим му имам кажано дека мора до крај да се испрати акцијата бидејќи ВАР има големо влијание на играта. Гол кој е поништен може да биде признат и обратно“, изјави Гвардиола.
Еве ја целата таа апсурдна ситуација која го збуни и коментаторот.