Веднаш после поразот (2:0) од Бразил, Лионел Меси беше гневен на судиите и отворено зборуваше дека главниот арбитар Роди Самбрано покажал непочит откако одбил да ги гледа спорните моменти на ВАР.
Меси е прав затоа што Еквадорецот ниту еднаш за 90 минути не ја искористи помошта од ВАР, иако имаше најмалку два големи повода: прво можен пенал над Отаменди по груб фаул на бразилски бек, а после евентуален пенал по стартот на Алвеш над Агуеро:
Најголемите спортски медиуми во Јужна Америка, аргентинскиот Ole и бразилскиот GloboEsporte објавија дека судијата имал проблемо со радиоврската. Новинарот Танкредо Палмиери, кој се повика на анонимен аргентински блог, напиша дека главниот судија во ВАР собата Леондан Госалес, преку радиоврска го советувал главниот судија Роди Самбрано да гледа видео повторување на спорните моменти за пенал, но дека овој го игнорирал сигналот.
Ако навистина било така, тогаш можна причина е неработење на врските.
Претседателот на фудбалската федерација на Аргентина Клаудио Тапиа напишал лично писмо до КОНМЕБОЛ (јужноамериканска УЕФА) во која вели:
„Ние сомневаме во чесните намери на главниот судиски инспектор Вилсон Сенема. Неговата историја покажува неспособност да се справи со вакви ситуации. А може и да сакал да влијае на резултатот, затоа што тој има лоша историја со аргентинските клубови.
Ние бевме против назначување на еквадорскито судија Самбрано за главен арбитар на мечот, затоа што до тој натпреваро тој на Копа Америка го судеше само мечот Перу - Боливија. Никаква основа за негово делегирање немаше. Бараме итна оставка од претседателот на судискиот комитет на КОНМЕБОЛ Вилсон Сенема“, стои во писмото.
Аргентинците сега бараат КОНМЕБОЛ да ги презентира записите од радиоврската на судиите со ВАР собата.
Во своето писмо (на шест страници!) Аргентинците пишуваат не само за ВАР-от, туку и за лошата организација: лошиот терен и постојаното задржување време од страна на Бразилците.
МОЖНО Е РАДИОВРСКАТА ДА ЈА БЛОКИРАЛО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА БОЛСОНАРО
Како што пишува GloboEsporte, судиите не можеле да воспостават врска едни со други поради блокирање на радиоврската на стадионот од страна на службите за безбедност на присутниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро.
Таквите уреди се вообичаена појава на јавни собири каде учествуваат високи официјални лица. Безбедносните структури ги пригушуваат сите сигнали со цел да елиминираат можност од напади и тероризам. Но, тоа не секогаш значи и прекин на врската со ВАР системот.
Од КОНМЕБОЛ потврдуваат дека имале проблеми, но гарантираат дека тоа било пред мечот и никако не било поврзано со обезбедувањето на претседателот. Националната агенција за телекомуникации на Бразил исто тврди дека нема врска едно со друго и што е најважно, според организаторите, тоа никако не влијаело на работата на ВАР.
Бразилските навивачи во шега велат дека вонземјанинот Меси ги прекинал радио врските со ВАР собата.
Аргентина крена голема врева и чека реакција од КОНМЕБОЛ. Инаку и претходно имало случаеви кога ВАР знаел да откаже. На пример на почетокот на јуни во финалето на Африканската Лига на шампиони го поништиле резултатот од реванш мечот откако фудбалерите од едниот тим одбиле да го продолжат мечот кога дознале дека ВАР системот не работи од технички причини.
Мечот се преиграл во јули на неутрален терен.
Уште до Светското 2018 видеосистемот на повторување прекинал со работа во финалето на австралиската лига - судијата не можел да види дали имало офсајд во една акција или не (имало!) кога Мелбурн Виктори му го дал победничкиот гол на Њукасл. Но во Австралија не го поништиле резултатот.