Таг: Аргентина

Аргентинците пречекани како шампиони

Победувале или губеле, за нив фудбалот е над сè. Некој да нема појма како заврши финалето, после клипов ќе мисли дека Аргентина е светски првак. Го развеселија и Скалони. Прекрасни сцени.

Кај ќе го смириш тој темперамент со пар реченици бе Лео?

Секогаш е интересно да се слушне нешто од зад сцената, особено кога збор имаат иконите како Меси. Ова е моментот пред Аргенците да излезат на терен. Сите молчат, а капитенот повторува те едно исто, бидејќи одлично знае какви немирни карактери има во соблекувална.

Како почна тепачката после финалето?

Пргави се Аргентинците, а играат валкано, дури и кога судијата ќе свирне крај. Така уствари почнала мешаницата, тупаниците и турканиците. Оваа камера го покажува тоа. Молина без никаква причина го удира Родри.

Главата за земјата

Лионел Меси беше во аут финалево, како и цела Аргентина. Кога во 117-та минута конечно се најде во ситуација да го загрози голот, Микел Мерино му се постави пожртвувано за да го спаси голот. Не помина баш добро.

Статистика со која не се добива финале на Светско

Аргентина дефинитивно не беше истата од минатиот Мундијал. Но, и не беше толку лоша во текот на првенството, како во финалето. Тргна убедливо со 3/3 и гол разлика 8:1. Во нокаут фаза се помачи по 120 минути со Зеленортски острови и Швајцарија, но против Египет и Англија покажа страшна упорност, сила и карактер.

Паредес се степа со Ерик Гарсија и Гави, Ајала му влезе со бокс на Дани Олмо

На Славко Винчиќ му се отвори работа и по последниот судиски свиреж. Аргентинската крв зовре на крајот, а во центарот на вниманието беше Леандро Паредес кој влезе во клинч со Шпанците. На камера е фатен уште еден тепач, а тоа е помошникот на Скалони, Роберто Ајала. Аргентинците не можеа да се помират што не ја одбранија титулата.

Шпанија до светска титула со гол во 106 минута во финале за заборав

По пауза од 16 години, селекцијата на Шпанија стигна до светскиот трон и тоа само две години откако ја освои Европа. Титулата е целосно заслужена. Аргентина не одигра ништо. Финалето го заврши без ниту еден удар во рамки на гол и тоа во 120 минути фудбал. Црвен картон за Енцо Фернандез во 93 минута. Гол за историја на Феран Торес во 106 минута. Финале за паметење беше Катар 2022. Ова нè измачи.

Резултатот во финалиња е 2:7

Селекцијата на Шпанија има одиграно и победено само едно мундијалско финале во историјата. Она во Јужна Африка кое го реши Иниеста во 116 минута. Аргентинците имаат три освоено и три загубено.

Како го доживеаа пресвртот двајца аргентински пензионери?

И пензија нека доцни, само Аргентина да тепа. Најсреќни на свет се, па дури и продолжија да слават надвор со толпата. Каква страст за фудбал.

Аргентинскиот ураган посилен од бункерот на Англија, ново финале за Меси

Светскиот првак ќе ја брани титулата против Шпанија, откако заслужено, во голем стил и со пресврт ја доби Англија 2:1. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 55 минута и потоа на терен имаше само една селекција, Аргентина. Тимот на Тухел се повлече целосно, а Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез тоа го казнија во 85-та и 92-ра минута. Меси мајстор со две асистенции и трето мундијалско финале. Аргентинците доминираа во вториот дел со 73% посед на топка и 13:4 во удари.

Ја паметите ли Англија - Аргентина 2:2, па на пенали?

Се работи за Светското во Франција 1998, каде Аргентина и Англија се сретнаа во осминафинале. Легендарна средба е оваа. Се памети по срчкањето на Бекам и Симеоне и оној прочуен црвен на англиската ѕвезда. Сите четири гола паднаа во прво. Гаучосите поминаа на пенали.

Кај им текнува бе?

Ако сте за невообичаена најава за вечерашното второ полуфинале на СП.

Шкотска е спремна за полуфиналето

Франција и Шпанија вечерва од 21:00 ќе ја имаат првата полуфинална битка на Светското. Очите на Шкотланѓаните се вперени кон онаа втората која се игра во среда во истиот термин. Да фрлиме око каква е атмосферата во Шкотска.

Момци, што направивте, 1:20 фати?

Кој на туширање заглавил, кој во микс зона, трет на муабет застана со некој. Лионел Скалони ги потсеќа Аргентинците дека на спиење треба да се оди.

Како во секунда се смени атмосферата во едно аргентинско маало

Безбедноста камера снима рандом улица. Надвор е скоро празно, сите се пред тв. Но, во 92-ра минута Аргентинвите му даваат гол на Египет за победа. Слушнете ја еуфоријата и погледнете ја радоста и на тие што се шетаат по улици и не гледаат фудбал. Ова го има само во Аргентина.

Шофер во Аргентина снимен на 3:2

Кај нас и да има фудбал, тој хитови од Фолк фест Валандово ќе слуша на Радио Роса.

Лудило во Атланта, Аргентина со драматичен пресврт оди во четвртфинале

Светскиот првак им приреди хичкок четвртфинале на своите навивачи, кои до 67 минута беа бледи крпа. Египет имаше водство од 2:0, Меси промаши пенал, а потоа се случи аргентинско танго. Ромеро 79`, Меси 83`, Енцо Фернандез 92` за голема победа од 3:2 и четвртфинална битка против Колумбија/Швајцарија.

Најдолгиот одбојкарски сет во историјата во режија на Полска и Аргентина

Лигата на нации го донесе најдолгиот сет во историјата на репрезентативната одбојка, откако Аргентина и Полска си разменуваа топки сè до неверојатен резултат од 50:48. А внимавајте на ова, домаќинот Полска имал 14 сет топки. Погледнете како заврши. Репортер ќе настрадаше.

Кој ги постигна последните 12 голови за Аргентина на Светско?

9 од 12 се негови. Д е в е т. Сведоци сме на историја, напишаа од Гинисова книга на рекорди.

Авионот на светските прваци

Бројот 10 е на ептен видно место, кое од авион може да се види. Трите ѕвезди се подолу, а сината небесна боја очекувано доминира. Аргентина може да полета и да го брани мундијалскиот трофеј.

Селекторскиот крај на Марадона кој заврши со дебакл на Светско

Диего Армандо Марадона ја водеше Аргентина од ноември 2008 до јули 2010, период кој како да остана подзаборавен. Скорот не му лош, 18 победи и 6 порази, но без некој значаен успех. Се прости од селекторската позиција на денешен ден, пред точно 15 години со убедлив пораз од Германија во четвртфиналето на СП 2010.

Виетнамски коментатор на денот

Натпреварот е Аргентина - Уругвај. Ништо понатаму не ни е јасно.

Гол против Аргентина кој Французите би сакале да не е сон

18 декември 2022-ра, мундијалско финале во Катар. Се игра 123 минута, резултатот е 3:3, Коло Муани се соочува со Емилиано Мартинез. Дуел за срцев удар, дуел за светска титула.

Супер волеј на Лаутаро Мартинез на фантастично додавање на Меси

Толку е потребно за Аргентина да победи кога има напад од таков калибар. Феноменалната комбинација Меси - Мартинез, заврши работа против Перу (1:0), за нови 3 бода во мундијалските квалификации каде се лидери во групата со 25 бода на 12 средби.