Таг: Аргентина

Страшната серија на Аргентина пред арапскиот срам

Пазете го ова. Аргентина беше во серија од 36 натпревари без пораз. Последен пат загубиле од Бразил во јули 2019-та. Само втор пат во историјата на Мундијалите губат меч после водство на полувреме. Првиот пат им се случило пред 92 години.

Аргентина vs Саудиска Арабија на нафрлени топки

Во прво полувреме ги упецаа со офсајд замки, во второ Аргентинците и покрај тоа што немаат високи напаѓачи, беа сивоњи и упорно и очајно се обидуваа да го избегаат срамот со нафрлени. Резултатот:

Мундијалска сензација, Саудиска Арабија со пресврт ја фрли Аргентина на колена

На петтиот натпревар во Катар се случи лудорија од резултат од кој настрадаа Меси и другарите. Саудиска Арабија која губеше 1:0 на полувреме, во рок од 5 минути направи лудачки пресврт и ја победи Аргентина. Гаучосите дадоа уште три гола во прво, ама им ги поништија.

Аргентина и даде четири гола на Саудиска Арабија во прво полувреме, три и поништија

Со голот од пенал после 10 минути игра, Лео Меси стана прв Аргентинец во историјата кој постигнал гол на четири Мундијали. Батистута и Марадона имаат дадено на три. 

Се запознаваме со Група Ц на Светско првенство: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико и Полска

Стигнавме до станицата „Ц“ - група во која ќе игра најдобриот фудбалер на денешницата. Ќе биде интересно да се види како „гаучосите“ ќе се справат со Полска на Левандовски, со непознатата Саудиска Арабија и со секогаш незгодниот Мексико.

Ако Ди Марија по утро се познава, за Аргентина нема зима

Врвниот крилен напаѓач се врати од повреда, влегол во добар ритам а сега покажа и дека е комплетно спремен за Светско првенство. Аргентинците на последната генералка пред Мундијалот, со 0-5 го совладаа ОАЕ. Ди Марија даде два гола од кои едниот му беше од страшен волеј. По гол дадоа уште и Хулиан Алварез, Меси и Хоакин Кореа.

Меси - Естонија 5:0

Паралелно со натпреварите од Лига на нации, синоќа се одиграа и неколку пријателски. Лео Меси билдаше лична статистика и испишуваше историја против аутсајдерот Естонија.

Наполи откри два реалистични споменици за Марадона и во дресови со неговиот лик го растури Лацио

Кога е нешто во знак на Марадона, Неапол е обединет, силен, моќен. На 25.11.2020, четири дена по смртта на Диего Марадона Наполи ја декласираше Рома со 4:0. Сега, три дена по годишнина од смртта на стадионот „Диего Марадона“ го суредија Лацио со 4:0.

Њуелс Олд Бојс објави видео од првото интервју на Меси како мал

Првите чекори во фудбалот магичниот Аргентинец ги направил во родниот клуб Њуелс Олд Бојс. Дошол во овој клуб на шест години и постигнал 234 гола на 176 меча во младинските категории. Во 2000-та Барселона го приметила 13-годишниот Лео и на совет на ловец на таленти го повикала во Каталонија. Другото е историја.

Како навивачите на Бока го прославија роденденот на Диего

Аргентинските, а посебно навивачите на Бока со право важат за најстраствени на свет. Искрена емоција, љубов кон клубот без оглед на сè. Така беше и на одбележувањето на 61. роденден на вечниот Диего Армандо Марадона кој го напушти светот пред неполна година.

Против кои репрезентации давал голови рекордерот Роналдо, а против кои Меси?

Со нов хет-трик за својата Аргентина, Лионел Меси стана најдобриот стрелец на една репрезентација во историјата на Јужна Америка. Легендарниот Лео сега има 79 гола за репрезентација.

Кога Ди Марија ќе начека тројца Боливијци

Во Буенос Аирес имаше Меси шоу, а во еден момент гостите не знаеа како да се носат ниту со Анхел Ди Марија. Камерата едвај го пратеше, на па тие. Бркај, бркај, не се добркува, ќе мора по цеваница.

Хет-трик на Меси за историја и солзи радосници со пехарот пред својот народ

Во Јужна Америка, се одиграа пет средби во 8. квалификациско коло за СП 2022 и на сите пет славеа домаќините. Најемотивно беше на Ел Монументал во Буенос Аирес, каде Меси му сруши рекорд на Пеле. По мечот имаше фешта за трофејот од Копа Америка.

После слободните на Меси, не чуди што Бразил ја прекинал средбата

Пред мечот Бразил - Аргентина во Ресифе, Лионел им шутира слободни удари на голманите додека се загрева. Во мајтап аргентинските навивачи коментираат дека после тоа што го виделе, Бразилците рекле подобро да не играат со него.

Фарса наместо топ фудбал: агент го прекина дербито Бразил - Аргентина

Во квалификациите за Светско првенство 2022 најголемото јужно-американско дерби Бразил - Аргентина не беше прекинато поради некакви нереди или нешто слично, туку од една чудна сцена.

Хорор старт врз Меси, најопасен во кариерата

Аргентина победи со 1-3 во Венецуела и успешно го продолжи патот кон Светско 2022 во Катар. Работата им ја олесни еден полу-идиот кој уште во 32’ минута од мечот доби црвен картон поради страшен фаул над Лионел Меси.

Аргентина маестрално до 21 меч без пораз

Откако ја освои Копа Америка среде Бразил, Аргентина продолжува со серијата без пораз во сите натпреварувања. Синоќа во Каракас ја добија и Венецуела со 1-3 а два гола од трите беа по врвно одработени акции.

Тренер на Меси сега ќе му биде сонародник против кого дебитираше пред 17 години

После низа перипетии, Лионел Меси конечно е во ПСЖ. Го одбрал бројот 30 со кој дебитираше во професионалниот сениорски фудбал и го носеше во првите години од кариерата.

Крај на една голема епоха, стоечки овации за легендата Скола

Многумина ја знаат историјата на Луис Скола и неговата вечна страст кон кошарката и својата земја. Аргентинецот на 42 години се збогува со националниот дрес на Олимписките Игри во Токио.

Тивкиот херој на Олимпијадата - Луис Скола доминира и на 42 години

Ветеранот кој во кариерата играше со кошаркари кои веќе повеќе од една деценија не се активни, растура за својата Аргентина без разлика на годините

1 минутно исчекување за последниот свиреж на Копа Америка

Јужноамериканците имаат посебен однос и страст за фудбалот, посебно кога се бие битка за трофеј во натпреварување како Копа Америка. Па уште Бразил и Аргентина во финале, која инаку три децении ја биеше малер за трофеј.

А ги видовте Аргентинците што славеа на -19?

Од жешката и летна атмосфера со европскиот првак во Италија, се селиме на Антартикот каде во аргентинската база се славеше титулата на Меси и другарите во Копа Америка.

Мајсторот од достава на пица прослави титула со домаќините

Проблемите со пандемијата отидоа во втор план во Аргентина. На улиците на Буенос Аирес и другите градови во земјата излегле илјадници луѓе за да го прослават шампионскиот трофеј на Копа Америка. Еден доставувач на пица случајно се затекнал пред крајот од мечот на адреса. Го примиле и славел со нив.

Меси плачеше од среќа, 14 години се бореше за титула на Копа Америка

На свои 34 години, после 5 обиди и 3 порази во финале на Копа Америка, Лионел Меси го оствари својот голем сон и стигна до пехарот со својата Аргентина. И тоа среде Рио Де Жанеиро.