Шампионската прослава на Аргентина е прекината, барем што се однесува на онаа со фудбалерите, бидејќи лудилото кулиминираше со скокање од мостови и качување на споменик висок 71,5 метри.
Фудбалерите било невозможно да стигнат до центарот на Буенос Аирес, бидејќи во 4 милионскиот град на улици излегле преку 5 милиони луѓе. За хероите доаѓале и од други градови по што настанала тотална блокада.
Славјето било до толку огромно што излегло од контрола и била нарушена безбедноста, не само за навивачите, туку и за светските шампиони.
Најголемото лудило е забележано и документирано со видео снимки, како навивачи скокаат во отворениот автобус на Аргентина. Едниот влегува во друшто на Меси и компанија, а другиот паѓа на земја.
Со оглед на тоа што автобусот било невозможно да стигне до Каса Росада, конвојот прекинал и играчите се извадени од хаосот со три хеликоптери и пренесени дома, секој во својот град.
Јужноамериканската страст за фудбал нема граници. Не се паметат вакви сцени во спортот.
Видео од скокањето од мост во автобус
Цел здробен продолжува да слави
and this is on the outskirts of the city trying to get to the Obelisk. An impossible mission.https://t.co/J5tbfOfao2
— PÆZ (@FernandoAdrinP6) December 21, 2022
Моментот кога млади луѓе влегуваат во Обелискот споменик во висина од 71.5 метри.
😮ASALTO AL OBELISCO😮
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 20, 2022
😕Aficionados argentinos han entrado a la fuerza. #JUGONES pic.twitter.com/HDT4j2JhFm