Таг: сп катар 2022

Гол против Аргентина кој Французите би сакале да не е сон

18 декември 2022-ра, мундијалско финале во Катар. Се игра 123 минута, резултатот е 3:3, Коло Муани се соочува со Емилиано Мартинез. Дуел за срцев удар, дуел за светска титула.

Нетфликс најавува документарец за СП Катар 2022

Се вика „Captains of the world“, направен е со капитените на сите 32 земји учеснички на Мундијалот, меѓу кои Меси, Роналдо, Мбапе, Модриќ, Кејн, Бејл...Ќе има 6 епизоди, а радоста е уште поголема, што нема многу да чекаме. Стартува на 30 декември.

Компилација од Мундијалот 2022 само со Меси

Тргна неубедливо и незабележително, но даде гас кога најмногу требаше и го исполни својот сон, како и на сите Аргентинци. Бајката се случи на денешен ден пред точно една година.

Една година од епското финале во Катар

Како вчера да беше, првиот Мундијал кој го следевме со туршија и чварки, кој заврши ден пред Св.Никола. Атипичен тајминг за Светско со страшно финале кое не се заборава. Меси vs Мбапе. Меч за аналите.

А да им дадат Златен пехар и на навивачите на Англија?

Англиската фудбалска репрезентација никако не успева да освои едно Светско првенство, веќе од 66-та, ама затоа нивните навивачи успеаа. Знаете ли колку уапсени има меѓу нив во Катар? Нула. Да чита човек и да не верува.

Животната приказна на Анхел Кореа е како за филм

Од каде таа сила на ова толку многу измачено момче кое после сите трагедии и сериозни лични проблеми, стигнува до светскиот фудбалски трон? Фразата „Животот пишува романи“, за овој човек не може да се употреби како клише.

За хејтерите кои постојано верглаа: Каде е Меси?

Аргентина во прво коло загуби од Саудиска Арабија и тоа после пресврт, арно ама...

Неверојатното поклопување на фактите на СП 1986 и СП 2022

Едни ќе речат Господ така одлучил, втори така било напишано во ѕвездите, трети судбина, четврти коинциденција, петти не знам што.

Местото каде му ја киднаа Аргентинците од толпата за да се качат во хеликоптери

Кога безбедносните служби очигледно сфатиле дека на толку народ и во такво лудило, безбедноста е нарушена и невозможно е да се стигне до центарот на Буенос Аирес, автобусот со шампионите под силно полициско обезбедување, некако успева да фати кривина и да се повлече во област која личи на парк. Од тука ги делат во три хеликоптери и сите по домите.

А дали видовте како беа пречекани Мароканците?

Океј, никој не може со пречекот на Аргентина, тоа е посебна лудост, нешто невидено на планетава за ниту еден друг повод. Но четвртиот во свет кој беше најголемо изненадување и кој ги освои симпатиите на сите, имаше пречек од своите навивачи како светски шампион.

И на кучето на Меси му пееја

На прославата во Буенос Аирес проценките се дека се појавиле преку 5 милиони луѓе. Доволно е од нив само 10% да снимиле по еден клип на мобилен и да го ставиле на Твитер и тоа се веќе 500.000 видеа. Кој знае уште што ќе се појави и уште што нема да успееме да видиме.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Ѓорги Христов

Со осмиот и последен подкаст „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, на кој со задоволство бевме медиумски партнер, завршува мундијалската треска која беше збогатена со легендарниот коментатор и неговите гости. Рекапитулација на СП Катар 2022 прават двајца поранешни напаѓачи на Македонија. Ѓорѓи Христов од студио и Горан Пандев од Џенова.

Макрон небитен како семафор во Валандово

Веројатно единствената паметна работа која ја направи Емилиано Мартинез на првенствово, покрај бранењето пенали и зицери.

Видео од соблекувалната на Франција на полувреме во кое зборува Мбапе

После бедните 45 минути во кои со топка не се споија и ниту за момент не личеа на светски прваци се до неговите голови на 10 минути до крај, Дешамп се врти во круг како мува без глава, сите други седате и молчат, а тој станува и се обидува да го подигне духот на тимот.

Евакуација за Аргентинците во хеликоптери, навивачи им скокаа од мост во автобус

„Ваква народна самоорганизирана мобилизација во само неколку часа 5 милиони луѓе да излезат на улица, светот не видел никогаш, ниту во војна, ниту во револуција, ниту во било каква друга прослава. Ова е историска народна мобилизација во Аргентина, а воедно и во светот. И тоа само поради една причина: Фудбал“, пишува спортскиот новинар Игор Филевски, кој интензивно известува на Фејсбук за славјето во Аргентина.

Кулминација на аргентинската прослава

Не знам што да направам друго, да земам на шипка да се качам гола, тоест на бандера. Некој да пуштеше скала за да ја придржи?

Ново глупирање на голманот на Аргентина

Јунакот на Аргентина кој заслужено беше прогласен за голман на Мундијалот е истовремено и недозраен лик кој во компилацијата на глупости додаде нова. За време на шампионската парада на Аргентина, на отворениот автобус се појави со бебешка кукла со ликот на Мбапе.

Камерата која го следеше Скалони за време на решавачкиот пенал

Што солзи се изналеаа за Аргентина, од играчи, навивачи, па сè до легенди како Габриел Батистута. Лионел Скалони како да држеше сè во себе, па дури и кога Гонзало Монтиел го изведе пеналот вреден светска титула, остана смирен и како да не можеше да го прцесуира моментот дека е готово. После неколку секунди сфати што успеа да направи со своите јунаци за Аргентина и експлодираше од емоции.

Најслаткиот сон на Лео Меси

Кликнавме неколку пати Ф5 и забележавме дека на секој клик или секоја секунда, има по околу 5.000 нови лајкови на најновиот пост на Меси на Инстаграм. Легна да одмори пред големото славје пред претседателската палата „Каса Розада“ во Буенос Аирес, а друштво му прави „Божицата“. Само во првиот час има 18 милиони лајкови.

Дедото кој ја гледаше Аргентина на излог од продавница

Фудбалската страст во Јужна Америка се смета за посебна и неспоредлива со Европа и другите континенти. Вакви примери само кај нив може да се видат.

Аргентина не спие, шампионите слетаа во 3 по полноќ

Светскиот првак се врати дома. И покрај тоа што пристигна во ниедно време, Аргентинците не спијат и со душа ги чекаат. Денешниот ден го прогласија за национален празник.

Да издвоиме двајца Аргентинци од прославата

Едниот преживеа, другиот веројатно. На едниот му фали поголем дрес или помала килажа, а на другиот памет.

Утеха на Меси за својот клупски другар

На цела таа еуфорија обоена со солзи од радост кај едните и тага кај другите, не видовме спортски поздрав од двајцата најдобри на првенството кои наскоро ќе продолжат со своите обврски во ПСЖ. Се гушнале за време на церемонијата. Најпрвин Меси го теши Мбапе, а потоа и Скалони. Така треба, а не ко недокваканион голман.