Неверојатното поклопување на фактите на СП 1986 и СП 2022

Едни ќе речат Господ така одлучил, втори така било напишано во ѕвездите, трети судбина, четврти коинциденција, петти не знам што.

Ај една, две, па и три работи да се поклопеа од овие, ама сите? Чудесна оваа Аргентина. Со освојување на светска титула, на улица извади 5 милиони луѓе во во 4 милионски град и сега ова.

Фалеше уште да играaт со Англија, Меси да даде гол со „божјата рака“ и да го признаат.

СП 1986
- Мароко заврши прв во својата група.
СП 2022
- Мароко заврши прв во својата група.

СП 1986
- Белгија заврши третата во својата група.
СП 2022
- Белгија заврши третата во својата група.

СП 1986
- Англија победи 3:0 во осминафинале и загуби 1:2 во четвртфинале.
СП 2022
- Англија победи 3:0 во осминафинале и загуби 1:2 во четвртфинале.

СП 1986
- Бразил е елиминиран во четвртфинале на пенали.
СП 2022
- Бразил е елиминиран во четвртфинале на пенали.

СП 1986
- Судијата Ромуалдо Фиљо кој го судеше финалето е роден на 7 јануари.
СП 2022
- Судијата Саломон Марчиниак кој го судеше финалето е роден на 7 јануари.

СП 1986
- Светски првак Аргентина.
- Најдобар играч Диего Марадона.

СП 2022
- Светски првак Аргентина.
- Најдобар играч Лионел Меси.

БОНУС:

- Марадона загуби финале на СП од Германија со 1:0.
- Меси загуби финале на СП од Германија со 1:0.

- Во 1985-та Марадона мораше да ја напушти Барса.
- Во 1986-та Аргентина го освои Светското.

- Во 2021-ва Меси мораше да ја напушти Барса.
- Во 2022-ра Аргентина го освои Светското.

22 декември 2022 - 15:03