Овој поджанр на огромната порно индустрија постои од 80-тите години на минатиот век а за негови пионери се сметаат познатата милферица Нина Хартли и сестраната Ени Спринкл.
Во феминистичкото порно жените доаѓаат во сите облици, димензии и сексуални ориентации. Жанровските критериуми подразбираат желба за избегнување на стереотипите од меинстрим порнографијата, првенствено во изгледот: тука нема силиконски и искварцани старлети туку сосема обични жени, какви што се оние кои пред вас чекаат на ред во бурекџилница.
Основачот на фестивалот Карлајл Јансен вели дека негова цел е да се афирмираат и подржат филмските работници кои се обидуваат да го редефинираат порното (Јансен инаку држи секс шоп). За номинација на фестивалот потребно е жена да има значајна улога во целиот филм, на позиција на режисер, продуцент или сценарист.
Што е тука феминистички? Јансен објаснува дека главната поента е што на актерите во феминистичкото порно не им се натураат крути и однапред дефинирани сцени туку се води сметка за нивните желби и задоволства.
Критичарите велат дека феминистичка или не, порнографијата по дефиниција е поразувачка бидејќи го третира човечкото тело како објект. Според нив, зад високопарните дефиниции за "феминистичко порно" не се крие ништо друго освен желба да се направи профит од таргетирана публика.