Маматамамина

Почнале да нè пишуваат споено и преглупо. Северномакедонски.... И сега ние треба да му пишуваме писма, меилови и фермани на цел свет, па да им објаснуваме, не така, не вака, не споено, она второто со голема буква....

Ама, што е алтернативата? гласи омиленото прашање на апокалитичните јасновидци.

Ебем ли га, не една, многу ги има. Еве, да не биде баш Љубе советник за странски инвестиции, да не се остава најболното министерство цели четири месеци обезглавено зашто Таравари се мисли дал ваму дал таму, иновации да не бидат печатници и рачна изработка на керамички производи, да се знае да се зачисти град и да се испрска против комарци па после глеј викендичката, пајаци да не удираат полицајки, медиумски сојузници да не бидат лудаци кои се радуваат на мртви луѓе, ДУИ да не сере како некои години биле лоши за реформите, фабриката за ПР да не биде најпродуктивната машинерија во севернамакедонија, да не се оцрнуваат филмови од кои бил виден само трејлерот (ха! министерот за култура тоа го вика "трилер", мислиш Зорица Брунцлик ја рецензира), проект да не биде како 57-ица ќе врти во ГТЦ, да не се кези до толку кога се оди во земја која им даде пари на оние кои ни потепаа полицајци во Куманово, да не капат по судови луѓе зашто држеле говори...

Нешто-нешто од сето тоа?? Па играјте чочеци по тунели колку сакате.

Ама јок. Сега ние треба да пишуваме писма, меилови и фермани на цел свет, па да им објаснуваме, не така, не вака, не споено, она второто со голема буква....

Ебени 140 држави постојат на планетава на кои не треба ништо да им објаснуваме околу Република Македонија. И сега ај од поново. Само затоа што после три децении, се најдоа пар луѓе кои „храбро“ го прифатија тоа што Грците цело време и ни го бараа - самите да се прекрстиме. 

Во сите тие 30 години ние овде сами сме криви за милијарда работи.
Ми-ли-јар-да.
Името, дечки, не е една од нив. 

А ако некој паѓа на приказната дека „сите овие години покажавме дека нè не бива“, и „не е битно како ќе влеземе во ЕУ и НАТО“ пошто „тоа ни е вековен стремеж“ (уште од стариот натовец дедо Иљо Малешевски, ако не и порано), дајте тогаш уште утре нека нè анектира или Бугарија или Грција. Ем тие ќе свршат од задоволштина, ем ние, такви анектирани, уште утре сме во Европа! Да не се заебаваме со преодни решенија.

*****

* Фуснота за насловот: Може и одвоено.

27 септември 2018 - 14:16