Во купот на разни слики и видеа од Светското, на Твитер почна да кружи една фотографија со постар човек кој седи на стол пред излог на продавница и гледа фудбал.
Забележан е во аргентинскиот град Парана, за време на полуфиналето на Аргентина против Хрватска кое заврши 3:0.
Кој е дедото и зошто го правел тоа?
Карлос Бејар има 82 години и е сопственик на продавница за облека по име „Ла Преферида“, која важи за една од историските во градот.
Тој не го гледал мечот на ваков невообичаен начин од економски причини, туку затоа што сакал да гледа фудбал во мир и плус на поголем телевизор од оној што го имал дома. Велат дека вака го гледал и четвртфиналето против Холандија.
„Син ми ме советуваше да седнам на фотеља затоа што е тешко да стоиш два и пол часа. Го зедов столот и седнав“.
„За неколку дена ќе наполнам 83 години и сум беспрекорен затоа што во животот се занимавав со многу спортови. Бев кошаркар во Ечагуе, Талерес, бев шампион во сите дивизии, а играв и во Првата дивизија“, вели Карлос кој води бизнис што неговиот татко го започнал во 1940 година.
А како реагирале газдите на продавницата?
Најцарски. Му купиле смарт телевизорот и тоа голем 55 инчи.
Што рекол Карлос за финалето?
„Ќе бидеме шампиони, бидејќи овој пат нас ни е редот, а јас ќе славам на голем начин. И се додека не ме исфрлат, ќе бидам таму“.
Дури имало и такви кои се пријавиле да гледаат со него.
🇦🇷 Le regalaron un Smart TV 4K de 55″ y una antena digital terrestre a Carlos Bejar, el hombre de 82 años que se había viralizado por una foto donde se lo ve sentado mirando los partidos de Argentina a través de la vidriera de una casa de electrodomésticos en Paraná, Entre Ríos. pic.twitter.com/2gPbT2qs7i
— El Cronista (@Cronistacom) December 15, 2022