- Останал без татко кога имал само 10 години.
- На 12 години го изгубил едниот брат, а другиот се самоубил во 2017-та.
- Мајка му има рак, а во 2014 Анхел морал да прави операција на срцето.
- Беше дел од легендарниот тим на Сан Лоренцо кој го освои единствениот Копа Либертадорес во историјата на клубот.
- Со младата репрезентација на Аргентина стана шампион на Јужна Америка. Го постигна победничкиот гол против Уругвај и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
- Во Атлетико Мадрид потпиша во декември 2014-та за 7,5 милиони евра. На лекарските прегледи откриено е дека има тумор на срцето, а страшните прогнози биле дека животот му е во опасност е дека мора да и стави крај на кариерата.
- Но тој ја победи болеста, му се врати на фудбалот и стана легенда на Атлетико Мадрид.
- Со Атлетико има 350 натпревари, 63 гола, 54 асистенции, а освои Ла Лига, Лига Европа и Супер Куп на Европа.
- Со Аргентина минатата година освои Копа Америка, но отпадна од списокот на Скалони за Светското првенство.
- Откако ги изгубил сите надежи за Катар, слободното време го поминувал со другарите на мал фудбал.
- Фразата „Животот пишува романи“, за овој човек не може да се употреби како клише. Поради повреди на Николас Гонзалес и Хоакин Кореа, на список Скалони ги става Анхел Кореа и Тијаго Алмада.
- Остатокот и историја. Аргентина стана светски шампион, а Анхел Кореа заслужено е со пехарот во раце и покрај тоа што доби шанса само во полуфиналето против Хрватска во 86-та минута.