18 декември 2022-ра во Катар го донесе можеби најјакото мундијалско финале во историјата. Финале кое тешко се срочува во текст. Го гледаш и ти се крева притисок, посебно ако навиваш за некоја од репрезентациите.
Аргентина мечтаеше по првата светска титула после 36 години, а Меси за прва, за да излезат од бездната на мундијалите на кои поминуваа лошо низ годините.
Франција сакаше да се врати на бис после успехот во Русија 2018 против Хрватска. Вниманието беше насочено кон двете најголеми ѕвезди Меси и Мбапе, кои сè уште беа клупски колеги.
Токму овие двајца беа главни протагонисти во финалето, Меси со два гола од игра, плус пеналот, Мбапе со хет-трик од кои два пенали и уште еден пенал во серијата. Светското го завршија заедно со 15 гола или 8:7 за Мбапе.
Но она што ќе се памети е драмата и пехарот во рацете на Лео како круна на една величествена кариера, трофеј без кој не смееше да заврши со фудбал.
Драмолетката почна во 80-та па 81-ва минута, кога неверојатниот Килијан одговори со два брзи гола на водството на Аргентинците од 2:0 со головите на Меси и Ди Марија во првиот дел.
Следуваа продолженија два пати по 15 минути во кои Мбапе повторно не дозволи Аргентина да слави. Погоди во 118-та минута од пенал за 3:3, само 10 минути откако Меси донесе нова предност.
Кулминација на лудото финале беше 123-та минута од средбата или на само 20 секунди до крајот, кога Емилиано Мартинез се претвори во херој со луда и незаборавна интервенција со нога.
Пеналите беа последната етапа на ултра напнатото финале кое траеше цела вечност. Аргентина ги погоди сите четири удари и победи со 4:2.
Ненормалната одбрана на аргентинскиот голман во последни секунди
Две во едно: голман и сељачиште на денот
За хејтерите кои постојано верглаа: Каде е Меси?
Камерата која го следеше Скалони за време на решавачкиот пенал
Евакуација за Аргентинците во хеликоптери, навивачи им скокаа од мост во автобус