Емилијано Мартинез ја спаси Аргентина на пеналите со Холандија во четвртфинале, а во големото финале освен што го повтори тој подвиг и фати два пенали, беше најзаслужен што мечот воопшто стигна до рулетот.
Во 120+3' минута од мечот, при резултат 3:3, на секунди до крајот францускиот центарфор Коло Муани кој влезе уште во првиот дел наместо Жиру, излезе еден на еден со аргентинскиот голман.
Кога сите веќе ја прежалија Аргентина и скоро видоа ново славје на Французите, Мартинез одбрани неверојатно и ги спаси своите.
На пеналите, Мартинез му одбрани на Кингсли Коман, после него промаши и Тчуамени и Аргентина со реализиран пенал од бекот Монтиел стана Светски шампион.
А Еми Мартинез заслужено ја доби наградата за најдобар голман на Мундијалот.