Човекот кој втор стапна на Месечината го извади патниот налог од тоа патување, што му е еден од најдрагите спомени од мисијата.
Државата сосема стандардно му издала патен налог со детален опис на посетата, Наведено е дека се работи за повратна посета од деловен карактер и уредно се нотирани клучните точки од патот: Кејп Кенеди, Флорида - Месечината - Пацифик (УСН Хорнет) - Хаваи.
Во патниот налог е детализирано дека астронаутот до базата Елингтон ќе дојде со приватен автомобил од каде ќе биде преземен со државен авион. Педантната бирократија проценила дека неговиот бизнис излет до Месечината ќе ја чини државата 33,1 долари (а бензинот на колата).
Во налогот стои и дека за сите денови на посетата е обезбедена храна на државен трошок.
И тоа не е сè.
Откако се вратиле, астронатутите од Аполо 11 морале да минат и низ царинската процедура каде пријавиле дека во државата внесуваат камења и примероци прав од Месечината.