Денешните најбогати англиски семејства добиле пари во еквивалент од денешни милијарди фунти како компензација по укинување на ропството. Една петтина од денешната богата класа може да каже дека своето богатство и го должат на робовладетелската економија.
Ова се заклучоци од прегледување на 46.000 документи поврзани со тогашната отштета која од државата ја добиле оние кои останале без робови.
А државата плаќала дебело: за ослободување на своите 415 роба, филозофот Џон Остин добил 20.511 фунти, што во денешни пари би изнесувале 17 милиони фунти.
Меѓу оние кои имале ќар од ропството се и семејствата на премиерот Дејвид Камерон и поранешниот министер за надворешни Даглас Хог, на писателите Грем Грин и Џорџ Орвел и други.
Добиената државна отштета ја инвестирале во фабрики, железници или формирање банки на кои и денес се потпира британскиот финансиски систем.
Откако ропството било аболирано во британските колонии во 1833 година, вкупно биле обештетени 3.000 семејства. Сумата која ја добиле затоа што останале без робови денеска би изнесувала 17 милијарди фунти.
Предците на Камерон пуштиле на слобода 202 роба и за тоа добиле денешни три милиони фунти.