А дали видовте како беа пречекани Мароканците?

Океј, никој не може со пречекот на Аргентина, тоа е посебна лудост, нешто невидено на планетава за ниту еден друг повод. Но четвртиот во свет кој беше најголемо изненадување и кој ги освои симпатиите на сите, имаше пречек од своите навивачи како светски шампион.

Да потсетиме, Мароко во групна фаза ги победи Белгија и Канада, одигра нерешено со Хрватска, а потоа ги елиминираше Шпанија и Португалија и загуби само од светскиот првак Франција во полуфинале.

За мароканскиот и африканскиот фудбал тоа е историски успех на Светските првенства.

Евакуација за Аргентинците во хеликоптери, навивачи им скокаа од мост во автобус

22 декември 2022 - 08:41