Таг: мароко

Греота после вакво додавање да се свирне офсајд

Мароко, кој направи сензација на Мундијалот во Катар каде стигна до полуфинале, сензационално испадна во Африканскиот Куп на нации во осминафинале од Јужна Африка која славеше со 2:0. Погледнете ја мангупаријата на Нусаир Мазрауи од Баерн, кој во продолжени на акцијата успеа и гол да постигне, но му беше поништен.

А дали видовте како беа пречекани Мароканците?

Океј, никој не може со пречекот на Аргентина, тоа е посебна лудост, нешто невидено на планетава за ниту еден друг повод. Но четвртиот во свет кој беше најголемо изненадување и кој ги освои симпатиите на сите, имаше пречек од своите навивачи како светски шампион.

Мароко стигна до полуфинале, а најисмејуваниот навивач си ќари нова вилица

Навивачите се декор без кој не може да се одржи едно Светско првенство. На Хрватицата Ивана и фалеа уште лајкови и фанови, а на Мохамед нови заби. И двајцата среќни и задоволни заминуваат од Катар.

Мамо слегувај на терен да славиме, син ти е полуфиналист на Светско

Обично децата на фудбалерите ги гледаме со вакви ситуации, ама Софијан Буфал е цар и на терен ја викна мајка му за да ја слават оваа незаборавна сензација и историја за Мароко и Африка.

Емоциите на редар во Катар, кога Мароко ја елиминираше Шпанија

6 декември 2022-ра за Мароканците ќе остане историски датум поради победата над Шпанија и пласманот во топ 8 на кој за прв пат се радуваат на Светско. Кога Хакими го изведе решавачкиот пенал, овој човек, кој дел од редарската служба на мечот, не успеа да остане мртов ладен како тој до него. Причината е јасна, од Мароко е.

Радоста на марокански новинар на прес после историскиот успех

Мароко е во транс после елиминацијата над фаворитот Шпанија, бидејќи за прв пат во историјата ќе игра четвртфинале на Светско. За време на пресот после победата, новинар од Мароко немаше подготвено прашање, туку сакаше само да им се заблагодари за успехот. Тој ги воодушеви голманот Буну и селекторот Реграуи поради страст со која зборуваше.

Лудило во Мароко, сè живо слави по улици

Селекцијата на Мароко е единствена која оствари сензациски резултат во нокаут фазата на СП, сите други фаворити поминаа. За нив ова е шесто учество на Мундијалите и прв историски пласман во четвртфинале каде ќе се сретнат со Португалија. Победата над поранешниот светски првак се славеше на големо и тоа не само во Мароко, туку насекаде каде што живеат Мароканци.

Брисел гори

Престолнината на Европската Унија и на Белгија е во целосен хаос и нереди откако вчера почнаа уличните прослави победата во мечот од СП Катар 2022 меѓу Белгија - Мароко. За тие што не гледаа фудбал, вчера не победи Белгија.

Даде гол од пенал, ама не го сфати значењето на пеналот

Мароко ја совлада Нигерија со 5:4 на пенали во полуфиналето од Купот на Африкански нации за жени. Пуста Розела, се збуни целата и не сконта дека нејзиниот гол е решавачки за пласман во финале и тоа прво во историјата на нејзината земја во ова натпреварување.

Навивачка инвазија во Мароко од која полицијата фати да бега

Мексико уште не може да се смири од групното лудачко навивачко насилие и ете ти ново во Мароко, овој пат со двојно повеќе повредени полицајци од ултраси.

Голмански автогол кој плаче за истрага

Или треба да си многу неинтелигентен за да го направиш ова или многу добро да се офајдиш од спортска, трето нема. Инаку дилетантов е од Мароко.

Не е арен Хакими, го повтори слободниот удар од пред неколку дена

Само штом им покажа на Габон како се шутира слободен удар кој не се брани и изгледаше дека ќе нафрли, бекот на ПСЖ се истакна со нов речиси идентичен удар од иста позиција. Овој пат против Малави за победа од 2:1 и пласман во четвртфинале на Купот на Африкански нации.

Видеото на денот ни доаѓа од Мароко

Двајцава дефанзивци од предновогодишна прослава отишле директно на натпревар, а третиов ги чекал да згрешат. Резултатот е ремек дело.

Што точно се случи во Гвинеја каде репрезентацијата на Мароко едвај спаси жива глава

Во Гвинеја минатиот викенд имало воен удар, преврат и промена на власта со вооружени судири и голема тензија. А сред главниот град квалификации за Светско првенство требаше да играат Гвинеја и Мароко. Гостите едвај излегоа до аеродром кој бил блокиран.

Остај ги ти Аргентинците, Мароко со војска ги штитеа да не загинат

Бурна неделна ноќ во мундијалските квалификации, ама најбурна во Гвинеја, каде гостуваше селекцијата на Мароко и едвај чекаше да фати џаде. Натпреварот беше одложен поради воен удар, а фудбалерите беа штитени со војници, наоружани до заби за да ги пренесат од хотел до аеродром.

Исчезнатиот олимписки првак во бездушниот колос Сахара, изгубил 16 кг за 10 денa

Познат под името Marathon des Sables, Песочниот ултра-маратон важи за најтешка трка на Земјината топка. Шест-дневен ултрамаратон кој се одржува еднаш годишно во пустината Сахара, во јужниот дел на Мароко. Овој ултрамаратон важи за пеколно тежок предизвик.

Мароканец принудно стави голмански ракавици и стана суперхерој

Луда работа е ова што се случи во Мароко. Ќе изгледаш и ќе помислиш дека секој може да биде голман, а не е така.

Волеј за учебници

Во четвртфиналето на Купот на Мароко, ФАР Рабат на пенали ја победи трофејната Раџа Казабланка. Претходно мечот заврши 1-1 а израмнување на Рабат му донесе Омар Жерари со пеколен волеј од 35 метри.

Не ви давам друг пат изјава

Не е проблем да ви дадам, ама немојте друг пат вакви стресови да ми правите, треба и на следната да играм. Инаку оваа немарност се случи во Мароко каде прошло коло го видовме најголемиот циркуз на планетава.

Мангупски слободен удар на сезоната нумеро уно

Остануваме во Мароко. Прво се запрепастивме кога видовме колку човек може да се погази сам за да намести натпревар, а сега се изнадивме на друг начин. Погледнете ја оваа инвентивност и мајсторлук во исто време.

Најсмешната намештаљка во светот

Се обидуваме да се сетиме дали имало по апла од ова, ама ќе да има. Ова се случува во Мароко, а фудбалеров се надмина себе си во глупирање само да му ја препушти топката на противникот да даде гол. „Тешкото“ го играше.

Мајсторот кој улицата не го заборава

Мароканецот Адел Тарабт е еден од оние фудбалери кои може да не ги видите цел натпревар и после со еден потег да фрлат сенка и на резултатот и на головите и на шансите. Смени еден куп клубови, играше во Ленс, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Фулам, Милан, Џенова и на крај се скраси во Бенфика која му ја спаси кариерата.

Грмотевиците на Раџа Казабланка

Мароканскиот фудбалски клуб Раџа Казабланка ги има најдобрите навивачи во цела африканска Лига на шампиони. Уште еднаш грмеа на меч од овој турнир против Казембе кој Раџа го доби со 2-0 и е на чекор од пласман во полуфиналето.

Краткометражниот филм „ФК Нефта“ за двајца мали браќа од Тунис кој се бореше за Оскар

Ноќта меѓу 9 и 10 февруари во Лос Анџелес се одржа 92-та церемонија на доделување на премиите Оскар. Меѓу филмовите „Џокер“, „1917“ и нашата „Медена земја“, имаше и еден интересен краткометражен.