Мароканската популација во Белгија, и ним блиски, вчера излезе на улица за да ја слави победата на Мароко (или поразот на Белгија, кој како) од 2 - 0 во второто коло од мундијалот.
Заради еуфоријата на мароканските доселеници тамошната полиција мораше да блокира одредени делови од центарот на Брисел. Победата речиси идентично, но со помал интензитет беше славена и во Холандија каде исто така, реагирала полицијата.
Славениците во Брисел кршеле излози, користеле пиротехника и палеле возила, а полицијата освен блокирањето на градот користела и водени топови за разбивање на толпата.
Меѓудругото, на еден од славениците му засмета и белгиското знаме обесено на еден од балконите во Брисел.
Прослави имало и во Рабат, главниот град на Мароко, кои биле далеку повесели и без речиси никакви инциденти.
Ова е првата победа на Мароко од Мундијал од 1998 кога ја победуваат Шкотска. Со овој резултат Мароко има шанса да стигне во осмина-финале доколку во трето коло ја победи Канада.