Таг: мароко

Не ви давам друг пат изјава

Не е проблем да ви дадам, ама немојте друг пат вакви стресови да ми правите, треба и на следната да играм. Инаку оваа немарност се случи во Мароко каде прошло коло го видовме најголемиот циркуз на планетава.

Мангупски слободен удар на сезоната нумеро уно

Остануваме во Мароко. Прво се запрепастивме кога видовме колку човек може да се погази сам за да намести натпревар, а сега се изнадивме на друг начин. Погледнете ја оваа инвентивност и мајсторлук во исто време.

Најсмешната намештаљка во светот

Се обидуваме да се сетиме дали имало по апла од ова, ама ќе да има. Ова се случува во Мароко, а фудбалеров се надмина себе си во глупирање само да му ја препушти топката на противникот да даде гол. „Тешкото“ го играше.

Мајсторот кој улицата не го заборава

Мароканецот Адел Тарабт е еден од оние фудбалери кои може да не ги видите цел натпревар и после со еден потег да фрлат сенка и на резултатот и на головите и на шансите. Смени еден куп клубови, играше во Ленс, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Фулам, Милан, Џенова и на крај се скраси во Бенфика која му ја спаси кариерата.

Грмотевиците на Раџа Казабланка

Мароканскиот фудбалски клуб Раџа Казабланка ги има најдобрите навивачи во цела африканска Лига на шампиони. Уште еднаш грмеа на меч од овој турнир против Казембе кој Раџа го доби со 2-0 и е на чекор од пласман во полуфиналето.

Краткометражниот филм „ФК Нефта“ за двајца мали браќа од Тунис кој се бореше за Оскар

Ноќта меѓу 9 и 10 февруари во Лос Анџелес се одржа 92-та церемонија на доделување на премиите Оскар. Меѓу филмовите „Џокер“, „1917“ и нашата „Медена земја“, имаше и еден интересен краткометражен.

Судија доживотно казнет зошто дувнал 4 апла сомнителни пенали

Се вика Хишам Тиази, има 44 години и доаѓа од Мароко. Во саботата бил главен судија на мечот меѓу Олимпик де Курибга и Јусуфија де Берешид. Судијата во рок од 40 минути досудил дури 4 сомнителни пенали и постои огромен сомнеж дека учествувал во група која го местела резултатот. Казнет е засекогаш од фудбалот иако за 6 месеци му завршувала кариерата

Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Мароканциве ја вртат игрицата

Ај што од Европа секој трет ден читаме за спектакуларни навивачки изданија, ама убаво е кога ќе се види вакво нешто и од друга страна на светот, особено од Мароко. Навивачите на Видад Казабланка, трофеен клуб од оваа земја, на мечот против Надхибу (4:1) направија интересна 3D кореографија. И не им е првпат.

Болниот навивач на кој му го продолжија животот

Приказната доаѓа од Мароко и гласи вака. Навивач на Ал Раја, болен од рак не можел да оди на стадион. И пазете што се случува? Он не може да оди кај што е атмсоферата, ама атмосферата доаѓа кај него. Врв.

Лоша шега е ова

Во Африканскиот Куп на Нации каде е во тек нокаут фазата, Мароко во осминафинале играше на пенали со Бенин. Во последната серија се најде еден “паметен“ Мароканец кој истовремено го слуша мечот на радио и наеднаш почнува да се радува. Тој уствари го издава голот и цел кафиќ урла и слави пласман во четвртфинале без да го види пеналот.

Како Бенатиа им го оствари сонот на деца од Мароко

Паралелно со Копа Америка, во Египет се одржува уште едно континентално натпреварување, Африкански Куп на Нации. Една од 24-те учесници е Мароко, но проблемот е што не можат сите во Мароко да ја следат својата земја.

Пак вие правете селфи, они контра да си отворат

Мароко, втора лига. Играат Јусуфија Берешид и Мулудија Уџа. Мохамед ал Факих дава преубав гол за домаќините и додека трча да слави решава да земе мобилен да направи стори и селфи како Балотели и Тоти. А за тоа време гостите тргнуваат од центар.

Необичниот град во Африка каде Реал Мадрид гостуваше во шпанскиот Куп

За да одигра натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија, Реал морал да ја напушти земјата, да прелета преку Средоземно море и да се најде во Африка каде игра малото клупче Мелиља. На крајот, после повеќечасовен лет, Реал славеше со 0:4 а реваншот во Мадрид се игра на 5 декември.

Новиот шпански Суперкуп е права шпанска серија

Наместо традиционалните два меча, од годинава за пехарот во шпанскиот Суперкуп ќе се игра само еден натпревар а за датумот се испокараа Севиља, Барселона и федерацијата.

Играа многу убав фудбал, а испаднаа први

Првата шанса за евентуален пласман во осминафинале Мароканците ја пропуштија против Иран кога си дадоа несреќен автогол во 95’ минута а вчера изгубија од Португалија иако играа подобро.

Пепе ако не ги замрси работите нема кој

Фаулите со влечење, тегнење и туркање во шеснаесетник беа и останаа судиско убедување. Некои судии ги свират, други не, веројатно зависи од ситуација до ситуација. Се појави снимка на која јасно се гледа како Пепе скока врз 13-та, ја соборува на земја, а Роналдо профитира од моментот и непречен од никој дава гол. Мароканците со праваа протестираа кај судијата.

Мароко играше, Португалија однесе три бода

Во првиот меч од второто коло во групата Б на Мундијалот, Португалија освои драгоцени три бода иако според играта Мароко заслужи да остане непоразен.

Во Иран не пуштале жени на стадион, а Иранките во Русија славеа без хиџаб

Иако Иран важи за делумно послободоумна држава во целото нејзино опкружување, жените во оваа земја патат од неколку забрани.

Иран славеше со автогол во 95-та минута

Вториот меч на денот, а прв во групата Б попладнево се одигра во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски“  пред 62.548 гледачи. Трите бода ги освои Иран кој победи со автогол на Бухадуз.

Како Рамазанскиот пост влијае врз фудбалерите?

Саудијците кои ќе го отворат Мундијалот против домашната Русија, постат речиси цел месец но тврдат дека се максимално спремни психички и физички за своето историско учество.

Фото на денот

Капитенот на Мароко Мехди Бенатија пред почетокот на пријателската со Словачка на силен дожд, со знаменцето на неговата федерација го покри девојчето кое излезе со него на терен.

Атласките лавови кои отидоа на Светско без примен гол

Репрезентацијата на Мароко го победи Брегот на Слонова Коска со 0:2, се пласираше на Мундијалот 2018 и за првпат после 1998 година ќе игра на едно Светско првенство.

Чек да видиш што е африканска Лига на шампиони

Египетскиот Ал Ахли морал да го прекине претпоследниот тренинг пред реваншот од финалето на африканската Лига на шампиони затоа што на стадионот дошле илјадници навивачи. Првиот меч против Видад од Мароко завршил 1-1, а реваншот е во сабота во Казабланка.