За ова необично гостување Реал тргна со неколку стандардни првотимци меѓу кои Рамос, Бензема, Асенсио, Васкез, Кејлор Навас. После дебаклот од Барселона, не сакаа да доживеат нов срам, и под водство на новиот тренер Сантијаго Солари, спремни тргнаа на далечен пат.
****
Мелиља е автономен шпански град, ексклава (регион оделен од својата земја и опкружен од друга држава кој има излез на море: на пример Калининската област под контрола на Русија е ексклава).
Во Мелиља живеат нешто повеќе од 80.000 луѓе. Во Шпанија најпознат град кој се граничи со Мароко е Сеута.
И покрај тоа што има поинаков културолошки код, во Мелиља ќе најдете многу африкански мотиви: Мелиља е втор шпански град после Барселона по број на зданија во модерен стил. Нив ги проектирал ученикот на Гауди, Енрике Нието кој еднаш дошол на гости во Мелиља и толку многу се вљубил во овој град што останал таму да живее.
Во 1936-та, на радост на многу жители, станал главниот архитект на овој град. Нието проектирал повеќе од 500 зданија во стиловите ар-нуво и ар-деко а меѓу нив има многу синагоги, католички храмови и централни плоштади.
Со оглед на религиозната мешавина, Мелиља важи за мултикултурен град: околу 46% од жителите се шпански католици, 44% се муслимани, а останатиот дел од населението се Евреи, Хиндуси и други заедници.
Условите за живот во Мелиља се едни од најниските во Шпанија. Невработеноста изнесува околу 27,6% а параметрите на невработено младо население (до 25 години) стигнуваат до 63%.
„Во Мелиља има малку локални индустрии. Не е развиен селскиот туризам, неразвиен е риболовот, а во прв ред работните места се поврзани со трговијата со Мароко и државната администрација. Околу 40% од населението е на државен буџет“, изјавила Лаја Сото Берман од Универзитетот Хелсинки која ја истражувала Мељила пола година.
Голем дел од парите кои Мељила ги добива од Европскиот сојуз одат за заштита на границата со Мароко.
****
Мароко историски претендира на секое парче земја која е најблиску до Шпанија (градот Сеута плус разни острови), но Шпанија категорично одбива и не сака да слушне.
Главна причина за ова е што овие градови и острови на Шпанија и припаѓаат уште од Среден век (шпанското кралство имало седиште таму во 1556-та), поголемиот дел се Шпанци а помалку има Мароканци.
Покрај тоа Шпанија стои на ставот дека со тие простори владеела кога Мароко уште не постоел како држава така што сега да бара право на нив е бесмислено.
Од друга страна Африканците во тоа гледаат остатоци од колонијализмот.
****
Еден од најголемите проблеми е тоа што многу Мароканци сакаат нелегално да влезат во Мелиља а оттаму по морски пат во Шпанија да бараат азил.
Американскиот медиум Vox на крајот од 2017-та година снимил документарен филм за луѓето кои висат на границата од северот на Мароко и мечтаат да стигнат во некој шпански град.
Најчесто се собираат во еден подготвителен камп на врв на еден рид каде се обединуваат во поголеми групи (потребно е да соберат преку 100 луѓе) и прават планови на дејствување.
Пробале многу пати досега да ја пробијат границата но никога не им успеало (прво затоа што има многу војска и полиција, второ зошто е тешко достапно по нелегален пат).
На границата меѓу Шпанија и Мароко има и други проблеми. Жителите на мароканската провинција Надор која се граничи со Мелиља од три страни, можат да влегуваат во шпанската „енклава“ 4 пати неделно и да не престојуваат повеќе од 5 часа таму.
КАКВА Е ГРАНИЦАТА МЕЃУ ГРАДОТ И МАРОКО?
Од шпанска страна има шестметарска заштитна ограда во должина од 11 километро која е силно измотана со бодликава жица. Покрај оградата постојано возат патроли и вооружени дежурни полицајци така што да се прескокне оградата е практично невозможно. Постојат и инсталирани надзори со камери како и сензори за звук и движење.
Неодамна новиот шпански министер за внатрешни работи Фернандо Гранде Марласка изјавил дека од оградата треба да се тргне бодликавата жица и да се избере помалку остар и помалку опасен начин на обезбедување на границата.
КАКВА Е ЕКИПАТА НА МЕЉИЛА?
Мељила никогаш не заиграла во Примера, а во последните 31 година како да е заглавена во третата шпанска лига. Во 2010-та година Мељила имала уникатна шанса да се врати во сегунда (Втора лига) но ја испуштиле во плејофот против Лас Палмас (0:4).
Главен ривал на Мељила е, се разбира Сеута. Кога играат едни против други, екипите не возат по 400 километри туку летаат со преседување некаде на југот од Шпанија.
До ден-денес ниту една екипа од Африка која игра во шпанскиот фудбалски систен не поминала подалеку од осминафинале во шпанскиот Копа дел Реј.