Таг: колонијализам

Британија да се раздолжи со Кенија за стар долг од 200 милијарди евра

Неколку кениски кланови ја дадоа Британската влада пред Европскиот суд за човекови права под обвинение за кражба на земја, иселување и тортура извршена на кениска територија во последните денови од британското колонијално владеење.

Белгија го враќа единствениот остаток од херојот на Конго

Патрис Лумумба кратко откако е сменет од власт со белгиска помош е заробен од тамошните власти, стрелан во присуство на белгиски офицери, за потоа неговото тело да биде откопано од белгиски офицери, раскасапено со пила, распаднато во солна киселина а коските смелени и расфрлани. Од Лумумба останат е еден златен заб, зачуван од неговиот касап, кој до сега се чуваше во Белгија.

Иницијатива за замена на „империја“ со „исклучителност“ во високите британски признанија

Велика Британија доделува титули, медали и признанија кои го содржат терминот „империја“. Во тек е обновен повик овој термин да биде избришан поради „штетите и траумите“ предизвикани од империјализмот.

49-те Индијци донесени во Британија во 19 век како дел од „жива“ изложба

Зимата 1885-1886 била една од најстудените во Лондон во текот на 19 век. Цевките биле замрзнати во палатата Алберт во лондонскиот Батерси парк, изложбена сала која во моментот била дом на луѓе донесени од Индија да учествуваат во живо „индиско село“.

Уметност и биополитика: бактерии без граници

А про по веста дека заради коронавирусот Кинезите почнале да ги дезинфицираат и банкнотите, изложба под наслов „Бактерии без граници/Колонијалистички кеш“, која се отвори во Берлин во јануари, а ќе трае до 2 март.

Антрополошка збирка „скриена“ повеќе од еден век

Британскиот колонијален антрополог Норткот Томас направил илјадници фотографии и аудио снимки на мажи, жени и деца од западна Африка помеѓу 1909 и 1915. Повеќе од сто години тие не биле презентирани во јавноста. До сега.

Зошто музеј во Амстердам ќе престане да го користи терминот „холандско златно доба“?

Во 17 век Холандската република станала светска сила, а нејзината просперитетна економија придонела за процут на уметноста и културата. Тоа било ера на еден Спиноза и Хигенс, на Рембрант и Вермер, која историчарите долго време ја нарекуваа „златно доба“ на земјата. Но еден холандски музеј реши да престане со оваа практика.

Необичниот град во Африка каде Реал Мадрид гостуваше во шпанскиот Куп

За да одигра натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија, Реал морал да ја напушти земјата, да прелета преку Средоземно море и да се најде во Африка каде игра малото клупче Мелиља. На крајот, после повеќечасовен лет, Реал славеше со 0:4 а реваншот во Мадрид се игра на 5 декември.

Сторија за таткото на Компани кој стана прв црномурен градоначелник во Белгија

По страшното владеење на Леополд со Конго како белгиска колонија, дојде и денот во една голема белгиска општина Конгоанец да стане градоначалник.

Колонијализам, силата што го измести еколошкиот баланс на планетата

Како што колонијализмот го богати западниот дел до Европа, а Африканците кои не беа масакрирани во негово име во најдобар случај завршуваа како робови, така истиот процес успева да го измени самиот состав на планетава, тврдат за Гардијан двајца британски научници.

Од времето кога Британците отворено можеа да презираат други народи

Ако има нешто што авторов повеќе не го поднесува од Британија и нејзиното понашање низ свет, тогаш тоа е Белизе. Инаку, репортажата е британска, раситичка од запрепастувачки размери дури и за времето во кое е снимана (околу 1970-те), а тема е Белизе некаде во времето пред да се отараси од британска колонијална власт (што во реалност никогаш не се случува и Британија и ден денес има свои единици распоредени во земјата).

Mрачното минато на Букеровата награда

Завчера, 17.10, беше доделено овогодинешното Букерово признание, на американскиот писател Џорџ Сондерс, за романот „Линколн во бардо“. Повод за потсетување за она што стои во основата на славата и парите стекнати со оваа награда - наследството на ропството и на белиот супрематизам.

Кога политичар ќе фати да рецитира погрешна песна на погрешно место

Во случајов тој е Британец и се вика Борис Џонсон, актуелен државен секретар за надворешни работи на оваа земја. При посета на Мијанмар тој реши наизуст да кажува песна од Киплинг. И не можеше да сфати зошто толку упорно го запираат во таа намера.

Eкстремите на политичката коректност: кога инспирацијата се толкува како кражба

Ако успешен македонски уметник прави филигран или креира облека инспириран од локалната традиција, тоа се смета за промовирање на истата. Кога тоа го прави (не-домороден) канадски уметник, тогаш тоа е расизам, плагијат, кражба. Можна ли е уметност во такви услови?

Холандија веќе беше доминантно муслиманска

Холанѓаните со децении успеваат да работат на својот имиџ на толерантни и лежерни луѓе кои си бркаат работа и не се мешаат во туѓи животи. Па сепак, малку е чудно како масовно се заборава дека само до пред 70 години и тоа како се мешаа; со војска, окупации и масовни убиства. Сè за тија пусти пари.

Многу пред лажните вести имаше лажни слики

Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.