Дел од носителите на почесни британски ордени и титули, меѓу кои Џон Амаечи, британско-американски поранешен играч во НБА и дамата Елизабет Нека Анивју, една од првите британски болничарки со ирско и нигериско потекло, покренаа иницијатива за замена на empire (империја) со еxcelence (исклучителност) во признанијата кои го содржат првиот термин. Тоа во моментов се пет титули, меѓу кои Командант од редот на британската империја (CBE) и Витез или Дама од редот на Британската империја (KBE/DBE).
Во декември минатата година Владата изјави дека имињата на медалите нема да се променат, но скоро 100 нивни носители финансираа кампања за замена на зборот кој асоцира на колонијалните врски со системот на наградување, и на тој начин е во спротивност со уверувањата на некои од луѓето кои учествуваат во него.
Редот на Британската империја е основан од крајот Џорџ Петти во 1917, како начин за оддавање почит на залагањата на цивилите во текот на Првата светска војна.
Организаторите на кампањата велат: „Во време кога модерна Британија учи да се соочува со вистинската природа на колонијализмот, не можеме веќе да ги одрекуваме потчинувањето, сегрегацијата и истребувањето на колонизираните народи како неутрален, дури и благонаклон период на нашата историја“.
Претходни обиди за промена на името на системот пропаднаа. Во 2004 Тони Блер даде отпор на повиците на група пратеници на истата тема. До сега имаше и такви британски граѓани кои ја одбија почеста поради врската на медалите со историјата на ропството. Помеѓу нив беше првиот црн играч на Ливерпул Хауард Гејл и поетот Бенџамин Зефанија, со потекло од Карибите.