Уште во мај беше јасно дека Барселона ии Севиља нема да можат да најдат два оптимални датуми за одигрување на Суперкупот. Виновни за тоа се плановите на обете екипи.
1. Барса во тој период го потврди учеството на International Champions Cup: на 5. август играа во Калифорнија против Милан.
2. Севиља минатата сезона заврши на 7. место и мораше да почне од второто коло квалификации за Лига Европа (датумите на одигрување беа 26, јули, 2 август, 9 август и 16 август).
Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас кажа дека нема да дозволи да се наруши календарот на првенството коешто официјално стартува на 18 август (тогаш почнува и Серија А).
Решение на проблемот за одигрување на Суперкупот немало, освен ако Севиља сензационално испаднела во раната фаза квалификации за Лига Европа.
Тогаш „по маса удрил“ претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес (повеќе за него тука). Тој направил револуција во Суперкупот кој сега ќе се игра само на еден натпревар.
Рубиалес заедно сакал да го реформира и Купот, но Ла Лига му возвратила: Суперкупот е едно, а правата на Копа дел Реј во новата сезона веќе се наши, така што нема промени.
Да се расправа со Ла Лига и Тебас, Рубиалес немал намера.
МАРОКО НАМЕСТО СЕВИЉА
Италијанците за пехарот во Суперкупот се борат во Кина и Катар од каде земаат добри средства од спонзори, Французите во Кина, па сега и Шпанците посакале да го играат Суперкупот преку границите.
Федерацијата е должна да заработува сама, а не да чека договори од партнери и спонзори. Поради тоа Рубиалес имал проблеми: повеќето договори се пред истек а разговори за продолжување со спонзорите уште нема.
„Размислуваме за уникатен Суперкуп. Во текот на неделава очекуваме одговори од клубовите на кои им пративме објаснувања. Тие се должни да ја проанализират ситуацијата, но ние предупредуваме дека во случај на негативен одговор ќе биде проблематично да се најде две оптимални решенија за двата клуба“, рекол на почетокот на јули Рубиалес.
Тогаш тој премолчил за местото на одигрување на дуелот меѓу Севиља и Барселона. Се спомнувале разни места: Мадрид, Валенсија, Билбао. А Севиља го предложила својот „Санчез Писхуан“.
На крајот федерацијата го одбрала мароканскиот Танжер - логично затоа што прво Примера има многу голем аудиториум во Северна Африка, а второ до таму нема долг лет.
ПРОТЕСТ НА СЕВИЉА
Кога шпанската федерација одбила да го организира мечот на „Писхуан“ во Севиља, претседателот на клубот Хозе Кастро се разгневил и одбил согласност на новиот формат на турнирот: „Не се согласуваме со решението на федерацијата и бараме два меча, на 5 и 12 август“.
Потоа Кастро некако спуштил топка и прифатил, но по еден услов: „Ќе учествуваме во Суперкупот затоа што е наша обврска, ние се изборивме за право на настап во Суперкупот на Шпанија. Тоа е шанса да освоиме титула. Иак ќе повторам: не сум баш согласен со таквиот формат“.
Кастро и Рубиалес долго разговарале и на крајот не нашле заеднички јазик. Севиља се надевала дека ФИФА и УЕФА ќе забранат организација на Суперкупот надвор од границите на Шпанија но ништо не испаднало.
БОЈКОТ ОД НАВИВАЧИТЕ НА СЕВИЉА
Клубот продолжил да продава сезонски карти и стигнал до бројка од 40.000 продадени. Иако се разликуваат по категории, на пример има специјални сезонски „само Ла Лига“, но многу навивачи земале сезонски во кои влегува и мечот од Суперкупот.
Тогаш Севиља решила да им плати компенсација на тие „сезонци“. Неколку главни навивачки групи на Севиља, меѓу кои и главната Biris Norte рекле дека ќе бојкотираат ако Суперкупот се игра во Мароко.
На социјалните мрежи се појави и хаштах #NoALaSupercopaEnTánger.
Според крајниот договор, Барселона и Севиља ќе добијат по еден милион евра ако Суперкупот го играат во Мароко за каде би добиле и по 6.000 карти како и платени патни трошоци.
Главниот аргумент на Федерацијата за Танжер е удобната логистика, пријатното време како и учество на нов стадион.
Картите за Суперкупот во Мароко чинат по 33 евра, а проблем за преносот имаат гигантите Telefónica и Mediapro кои сметаат дека ќе имаат големи технички сложености и финансиски проблеми да вршат пренос од Мароко. Тендерот на крај кога немало конкуренти го добила компанијата RTVE.
Очигледно е дека федерацијата ќе заработи помалку од планираното за тв права, но задоволни ќе бидат од продажбата на билети (вкупно 30.000 пуштени во продажба).
Интересен експеримент кој ќе видиме како ќе заврши. Мечот за шпанскиот Суперкуп ќе се игра во мароканскиот град Танжер, на стадионот Stade Ibn Batouta на 12 август од 22 часот по Средно-европско време.