Во номинација за „најдобар игран краткометражен филм“ биле прикажани пет филма меѓу кои и еден непосредно поврзан со фудбал. Во 2018-та година францускиот режисер Ив Пиа снимил 17-минутно видео под наслов „Фудбалски клуб Нефта“.
Сижето раскажува за двајца мали браќа - помалиот Абдал и постариот Мухамед кои уште на почетокот на филмот се караат кој фудбалер е најдобар напаѓач во историјата на фудбалот.
Наивниот помал брат е силно уверен во тоа дека нема никој подобар од Алжирецот Ријад Марез (Манчестер Сити), иако постариот Мухамед со сите сили се труди да го убеди Абдал дека Лионел Меси е правиот и вистински крал на фудбалот.
Спорот во еден момент прекинува кога Абдал решава да оди по мала нужда. Местото на дејството на краткометражниот филм се одвива на границата меѓу Мароко и Алжир, во заборавени и пусти ридови. Овие земји ја имаат една од најдолго затворените граници на светот поради дамнешен конфликт.
Но тоа не му смета на малиот од браќата да оди да се помоча на територијата на Алжир каде е роден неговиот фудбалски идол.
Откако завршил работа, малиот Абдул неочекувано на враќање надолу кон брат му здогледува магаре кое на себе носи некаква кошничка, а во неа има слушалки од кои свири музика. Помалиот брат му кажува на Мухамед што открил, а овој решава внимателно да ги вади работите кои магарето ги носи на себе.
Во еден момент неочекувано наоѓаат неколку пакети со дрога. Понатаму филмот се движи во кругот на овие пронајдоци.
Фудбалски клуб Нефта е наслов на филмот не само поради спорот кој е подобар Марез или Меси, туку режисерот вметнува неколку сцени со фудбал на пустите игралишта во Тунис.
Овој филм добил многу награди на различни фестивали. Не ви го откриваме крајот, со цел лично да уживате во краткометражниот филм.
ФРАНЦИЈА ПРАВЕЛА ПРОБЛЕМ ЗА ПРЕСТОЈ ЗА ДЕЦАТА
Според режисерот Ив Пиа, краткометражниот филм бил готово за само шест дена. Поголем дел од времето потрошиле на кастинг зошто режисерот долго време не можел да најде соодветни актери за главните херои, иако една улога нашол во вториот ден.
Тој ја одобрил кандидатурата на Елтајеф Дауи кој го игра постариот брат. Според режисерот, ова дете било неверојатно мотивирано, точно и послушно. Ги слушал сите барања од екипата. Бил и еден од малкумината кои не потклекнал пред долгите проби.
Од друга страна, режисерот на само два дена пред почеток на снимањето го нашол јунакот за улогата помал брат. Него го играл Мухамед Али Ајари кој за разлика од својот „колега“ не бил дисциплиниран. Еднаш го снемало на сред снимање, отишол да игра фудбал со другарчињата, па се вратил назад како ништо да не било.
„Направив искрено сè за овие двајца млади актери да дојдат во Франција на првиот фестивал каде се прикажа филмот. Купивме дури и авионски билети за нив и им најдовме сместување. Но француските власти во последна минута ја одбија визата, наводно утврдиле дека постојат шанси децата да останат незаконски во Франција по фестивалот. Тоа е толку иронично за дечињата кои играа со идеите на граници во филмот. Да бидам искрен, многу ми е срам за актуелната миграциона политика на мојата родна земја“, рекол режисерот Ив Пиа во едно интервју.
За жал „Фудбалски клуб Нефта“ не доби Оскар како најдобар краткометражен филм. Ова признание го добил филмот „Прозорот на соседот“ на режисерот Маршал Кари.