Тунис и Либија за играчи до 20 години, играат квалификациски меч за Африканскиот Куп на нации 2027. Резултатот е 1:1, се игра 97-та минута, Либија оди во контра, а судиите свират офсајд кој не постои. Кој им дал ФИФА значка на овие?
Еден ден после мечот во Скопје, извиркување на национална химна се случи и на Паркот на принцовите каде Бразил на пријателска го декласираше Тунис со 5:1. Маркињос како член на ПСЖ, климаше со главата и не можеше да поверува што доживува на стадионот каде игра скоро 10 години. Навивачите на Тунис освен што ја свиреа химната, го гаѓаа Ришарлисон со банана.
Сент Етјен игра мизерна сезона и нема ни една победа во 12 кола. Најтрофејниот француски клуб заслужено е на последно место. Викендов играа со директниот ривал за опстанок Мец. Примија гол уште во 9' минута, ама во 16-та Вахби Хазри со еден супершут од 68 метри (официјално измерени) го постигна најдалечниот гол во историјата на францускиот фудбал.
Ноќта меѓу 9 и 10 февруари во Лос Анџелес се одржа 92-та церемонија на доделување на премиите Оскар. Меѓу филмовите „Џокер“, „1917“ и нашата „Медена земја“, имаше и еден интересен краткометражен.
Тунис стаса до полуфинале на Африканскиот Куп на нации и го загуби со 1:0 од Сенегал. Ама како стаса со ваков голман, стварно е нејасно. Па уште и замената му е киксер. Компилација на нивни срамни киксови само од ова континентално натпреварување кое завршува денес.
Со натпреварите од групата Г заврши првата фаза од Светското. Белгија славеше и ќе оди на Јапонија а потоа, ако победи, на победникот од мечот Мексико - Бразил. Англија против Колумбија која веројатно ќе биде без Хамес Родригез.
По низата не баш ефикасни натпревари во второто коло, конечно видовме голеада на Светското во Русија. Селекцијата на Белгија го декласираше Тунис со 5:2 и му се приклучи на осминафиналното друштво составено од Русија. Уругвај, Франција и Хрватска.
Ситуацијата е следна. Дечкото брзал со кола накај дома за да ја стигне Англија - Тунис, но за да не го испушти стартот барал од девојка му да му пишува што се случува. Фотографијата од текстот на девојката добива 13.000 лајкови на Твитер.
Со пропуштени шанси во првиот дел и слаба игра во вториот, Англија беше блиску до оние проклети 1:1 на Аргентина и Бразил. Но со гол машината на Тотенхем сè е подруго. Хари Кејн вечерва беше двоен стрелец за 3 бода во групата Г исто колку Белгија.
Пред точно 20 години, во 1998 година на Светското во Франција, во Марсеј играа Англија - Тунис. Во градот и околу стадионот три дена имаше нереди во кои 32 лица беа повредени.
Муез Хасен, чуварот на мрежата на Тунис, репрезентација која ќе игра на Светско, изглумил повреда за другарите да каснат нешто и да се напијат во време кога тоа Рамазанскиот пост го дозволува.
Во првото коло од групата Б на Светското првенство во Франција, Македонија му се одмазди на Тунис 34:30 (13-14) за поразот во борбата за Олимписките Игри и заслужено ги освои првите бодови. Капитенот капитенски со 12 голови.
На ОИ 2004. година во Атина, во третото коло од фудбалското натпреварување играа тогашна Србија и Црна Гора и Тунис. При резлтат 1:1 во 79. минута Тунис доби пенал кој стана најкомичниот и најдолгиот во историјата на едни Олимписки игри. Го изведуваше Жадиди.
Тунис со 4-1 ја совлада Либерија, а вториот гол на домаќините беше после катастрофалната грешка на гостинскиот голман Џејмс Галеј. Не за џабе викаат добар голман е пола екипа. Исто важи и за дрво од голман.
Во петок, сабота и недела Македонија ќе игра против Полска, Тунис и Чиле. Пласман во Рио летово обезбедуваат првите две места. Полјаците како домаќини имаат предност, а Африканците ќе ни бидат директен ривал за место кое води на ОИ.
Алжирецот Низар Трабелси играше во Германија, во Фортуна Дизелдорф пред да се доближи до Ал Каеда во Авганистан. „Бин Ладен ми велеше да го викам татко". Во четврток ќе се дискутира за негова екстрадиција во САД.
Фуад Гамуди е првиот човек на мисијата на Доктори без граници во Тунис и Либија. Работа му е да ја учи крајбрежната стража и останатите како да помагаат во спасување луѓе и справување со лешови. Во изминатава деценија околу 20.000 бегалци се имаат удавено во Медитеранот, најголем дел од нивните лешови се појавуваат на брегот на овие две земји.
Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Гвинеа е последниот четвртфиналист на турнирот, откако денес беше извлечен на ждрепката со Мали за тоа кој да оди понатаму.
Македонската ракометна репрезентација имаше отворање од соништата на четвртото учество на ракометните мундијали. Најсериозниот конкурент на Македонија за втората позиција во групата беше преслаб за избраниците на Ивица Обрван кои одиграа беспрекорен меч.
Со свечено отворање вчера започна СП во Катар, каде домаќинот го совлада Бразил 28:23. Денес стартуваат натпреварите од првото коло во сите групи, а за нас најинтересна ќе биде групата Б, каде ќе се борат нашите ракометари.