Голманот на Тунис глумел повреда за играчите да јадат по Рамадански пост

Муез Хасен, чуварот на мрежата на Тунис, репрезентација која ќе игра на Светско, изглумил повреда за другарите да каснат нешто и да се напијат во време кога тоа Рамазанскиот пост го дозволува.

Тунис пред неколку дена одигра два пријателска меча, против Португалија и против Турција и на двата ремизираше 2:2.

Необична ситуација имаше и на двете средби на кои голманот Хасен глумел повреда во време кога Муслиманите можат да си дозволат внесување течности и храна во организмот (Ифтар - по заоѓање на сонцето).

Додека докторите од медицинската служба на репрезентацијата му „пружале“ помош на голманот (против Португалија додека губеле 2:1 во 58’ минута, против Турција во 49’ минута при резултат 0:0), неговите соиграчи се стрчале до клупата каде селекторот им давал да јадат и да пијат. Во двата случаи „повредите“ на Хасен се испоставиле несериозни и тој продолил да брани.

Интересно само шест минути откако „земале душа“, се напиле вода и каснале нешто, играчите на Тунис израмниле на 2:2 против Португалија. Светиот месец Рамадан завршува пред првиот меч на Тунис на Светското (против Англија на 18 јуни). Тунис ќе игра на Мундијал првпат после 12 години.

***

Мечот Турција - Тунис го одбележа и долг прекин откако напаѓачот на Турција Џенк Тосун во 59’ минута видел како една бакља полетала кон местото каде седетеле татко му и чичко му. Тосун збеснал и кон навивачите покажувал дека ќе им го пресече гркланот за што брзо доби црвен картон и беше исклучен.

5 јуни 2018 - 14:54