Гвинеа во четвртфиналето ќе игра против Гана, иако во групата имаше исто бодови и исто дадени и примени голови со Мали. Како налагаат правилата на Африканскиот Куп на нации, во таков случај се оди на ждрепка на која се влече селекцијата која ќе го продолжи патот.
Гвинеа и Мали синоќа меѓусебно одиграа 1:1, по што на крајот од првата фаза имаа исто бодови (3), исто дадени голови (3) и примерни голови (3). Среќата на ждрепката му сврте грб на Мали, кој не успеа на теренот да ја победи Гвинеја, иако имаше многу шанси за тоа.
Натпреварот почна добро по домаќините, кој поведоа преку Кевин Констант во 15. минута од пенал. Поранешниот играч на Милан само ја поткопа топката по средината на голот. Клучниот момент се одигра само три минути подоцна. Судијата Саид Корди досуди пенал за Мали, но капитенот и најискусен играч, Сејду Кеита промаши. Во 47. минута од вториот дел, Мали израмни преку Маига од Вест Хем, но резултатот до крајот остана 1:1, по што мораше да се оди на ждрепка.
На Африканскиот Куп на нации слично нешто имаше и во 1965. година, кога Тунис се пласираше понатаму на штета на Сенегал. Правилата тогаш налагаа дека доколку две или повеќе селекции имаат исто бодови и голови, ќе се направи мини група, во која секој ќе игра против секого. На крајот Тунис успеа да обезбеди пласман.
Во Европа, паричка се фрлала на ЕП 1968 година во Италија. Тогаш во полуфиналето меѓу Италија и СССР мечот завршил 0:0, по што се играле продолженија. Во ситуација кога пеналите уште не биле воспоставени, се одиграле 120 минути по кои повторно немало победник.
На крајот судијата Ченшнер ги повикал во соблекувалните двата капитени, Џакинто Факети и Шестерњов и фрлил паричка. Во прв момент не успеале да ја најдат паричката која се загубила, а подоцна Факети погодил „глава" и Италија играла во финалето и победила против Југославија.
Пеналите за одлучување на еден натпревар се воспоставени во 1970. година од германскиот судија Карл Валд. До тој момент многу натпревари се одлучиле со паричка или преку ждрепка.
- ЕП 1968, Италија - СССР, полуфинале
- Олимпијада 1960, Италија - Југославија, полуфинале
- Олимпијада 1968, Бугарија - Израел, четвртфинале
- Куп на шампиони: 1963/1964 Цирих - Галатасарај, 1964/1965 Дукла Прага - Горник Забрже, 1969/1970 Селтик - Бенфика, 1969/1970 Спартак Трнава - Галатасарај