Таг: Брег на Слоновата коска

Најмрднатата голманска прослава во историја

Во Брегот на Слоновата коска паѓа голчиште од слободен удар. Секоја чест за голот, ама погледнете го вие што прави голманот од радост.

Тешка голманска глупост во 93-та минута

По сензационалното реми против Алжир, аутсајдерот Сиера Леоне стигна до нов јуначки бод во Купот на Африкански нации и против фаворитот Брег на Слонова Коска. Но овој пат со многу многу среќа и страшен кикс на голманот кој се заби во земја и им ја подари топката за конечни 2:2 во судиското продолжение. Колку лоша интервенција.

Како Дрогба со говор сопре крвава граѓанска војна во Брег на Слонова Коска

Прв пласман на еден голем турнир, а особено на Светско првенство секогаш е посебен настан. А за земјата каде четири години буктела жестока граѓанска војна, тоа е спасоносно чудо.

Необичен навивачки колорит - убавината на Купот на Африка

Купот на Африка (пандан на Европско првенство) не е само чудни стадиони и специфичен фудбал, туку и необични навивачи какви што никогаш нема да сретнете на Европско или во Лига на шампиони.

Дали го видовте голот на Жервињо?

Скоро сите го заборавија затоа што на почетокот на 2016 од Рома замина во Кина и некое време играше таму. Летово се врати во Италија во дресот на воскреснатата Парма. Синоќа на дуелот против Каљари (2:0) постигна гол кој ќе конкурира за најубав во Серија А сезонава.

Кога Замбија и Брегот на Слонова Коска шутираа 15 пенали

Африкански Куп на Нации 2012. Финале: Замбија - Брег на Слонова Коска. Едниве аутсајдери, другиве дојдени со браќата Туре, со Дрогба, со Вилфред Бони, со Жервињо. Дидие промашува пенал за победа во второ полувреме, и се оди на пенали. А таму голманите дремнаа.

Најлудиот фудбал на Земјината топка се игра во Африка

Неодамна пишавме за наградата 5 гига Интернет што ја добива најдобриот играч на мечот во едно африканско првенство, но тоа и не е така лошо ако се види што сè не се случува во тамошниот фудбал.

Атласките лавови кои отидоа на Светско без примен гол

Репрезентацијата на Мароко го победи Брегот на Слонова Коска со 0:2, се пласираше на Мундијалот 2018 и за првпат после 1998 година ќе игра на едно Светско првенство.

Орие од ПСЖ осуден на два месеци затвор

23-годишниот десен бек на Пари Сен Жермен, Серж Орие е осуден на 2-месечна затворска казна поради напад на полицаец пред еден ноќен клуб во Париз, во мај годинава. И покрај пресудата, Орие ќе игра во среда против Лудогорец.

Кој е менаџерот Украинец што го нападна Пеп Гвардиола

Менаџерот на Јаја Туре, Димитри Шелук ја продолжи вербалната војна со тренерот на Сити за кого изјави дека кога Туре си одел од Барселона во Сити му рекол: Не оди во тој срање клуб. Пеп бара извинување во спротивно Туре нема да го види зелениот терен цела сезона.

Собирал парички од говорница, сега е играч на месецот во Манчестер

До пред четири години не играл фудбал 11 на 11 и не знаел како изгледа тоа, сè додека скаутите на шпанскиот Еспањол не го откриле на еден турнир во Буркина Фасо. Со жена му се запознал во телефонска говорница во Абиџан, а сега бараат стан во Манчестер.

Е мој Жервињо

Некогашниот фудбалер на Рома, Арсенал и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо кој сега игра во Чајна Хебеј Форчун на мечот против Хенан Џијанје грубијански стартуваше врз противнички фудбалер во 83. минута и доби диркетен црвен картон.

Кој е стоперот за кого Манчестер Јунајтед плати 40 милиони евра?

Кога имал 17 години на турнир во Буркина Фасо го забележале скаутите на Еспањол на кои оние од Јувентус и Севиља им викале дека малиот е „тактички дибидус“. Тимот од „Мадригал“ за него доби 40 милони од „Олд Трафорд“ летово.

Што во спортот значи изразот говор на тело

На меч меѓу младинци во Брегот на Слоновата Коска, фудбалерот на познатиот АСЕК Мимозаз, Јан Закри му ја извитка кичмата на противникот.

Во 10 квадратни метри живеевме осум души

„Со тебе би ја добил секоја битка“ е реченицата која најдобро сведочи за односот на Мурињо и Дрогба, еден од најдобрите светски напаѓачи и интригантна личност кој на 5 години ја напушта татковината и тргнува низ фудбалското патешествие.

Миротворецот Дрогба полни 37 години

Во чест на еден од најомилените Африканци кои заиграле во Европа, се потсетуваме на моментот кога Дрогба по еден триумф на Брегот на Слоновата Коска апелираше на сонародниците да ја сопрат граѓанската војна, во која загинаа илјадници луѓе.

Што донесе, а што не Африканскиот куп на нации

На 30. издание на Африканскиот Куп на нации имаше неколку изненадувања. Разочараа Камерун и Сенегал, рано испаднаа Тунис и Алжир, а свое шоу имаа и домашните навивачи, кои не се помирија што Екваторијална Гвинеја не влезе во големото финале.

Слоновите го освоија Црниот континент

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска е нов шампион на Африка, откако вечерва нa пенали ја совлада Гана. Конго го освои третото место.

Гвинеа ја доби ждрепката, Мали оди дома ни крив ни должен

Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Гвинеа е последниот четвртфиналист на турнирот, откако денес беше извлечен на ждрепката со Мали за тоа кој да оди понатаму.

Луѓето што никогаш немаат пробано чоколадо

Брегот на Слоновата коска е последното место на кое ти текнува кога некој ќе спомне чоколадо. Тоа не и пречи на земјата да биде најголемиот извозник на какао во светот со 1,6 милиони тони годишно. Луѓето од насловот се истите луѓе што ги произведуваат овие 1,6 милиони тони. Ова е нивната реакција кога прв пат ќе пробаат.

Голманот што пасеше

Вкусот на успехот на Светското првенство во Бразил, Луис Суарез го почувствува со пласман во осминафиналето врз италијанската кожа на Кјелини. Чуварот на голот на Брегот на Слоновата Коска има друг ритуал кој му го расипа Самарас.

Грција со пенал во 92 минута влезе во осминафинале

Во трилер завршница фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го загубија учеството во нокаут фазата на Мундијалот во Бразил. Кобен за африканската селекција беше прекршокот во шеснаесетникот кој Самарас го реализираше од 11 метри.

Јапонците упорно се однесуваат како Јапонци

Оваа појава е забележана за време на Мундијалот во Бразил, каде што немаат никаква обврска да се однесуваат ни најмалку јапонски. Сликата е по крајот на натпреварот помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Јапонија.