Автобиографијата на Дидие Дрогба

Во 10 квадратни метри живеевме осум души

„Со тебе би ја добил секоја битка“ е реченицата која најдобро сведочи за односот на Мурињо и Дрогба, еден од најдобрите светски напаѓачи и интригантна личност кој на 5 години ја напушта татковината и тргнува низ фудбалското патешествие.

„Брзо добив прилика да играм за У-17 на тимот Леваплуа кој се наоѓа во предградието на Париз. Ме тренираше Сребренко Рапчиќ, поранешниот напаѓач на Црвена звезда. Мислам дека тој јасно виде нешто во мене и ми помогна да ја подобрам техниката и движењата, особено пред голот.
 
Со него работев извонредно и напорно, но најголеми заслуги за мене има Кристиан Порнин, на кого многу му должам. Тој ме инспирираше да тренирам повеќе од било кога. Тој беше многу љубезен со мене, а понекогаш после долгите и напорни тренинзи ме префрлуваше до станицата.
 
Благодарение на Порнин сфатив дека животот ти дава само една шанса и таа треба да се искористи до максимум. Бев неверојатно среќен што во разни етапи имав тренери кои веруваа во мене и на секој начин го поттикнуваа мојот развој.
 
На секој начин им покажував благодарност и почитување и работев неуморно сам после тренинзите. Цврсто сум убеден дека ако ги почитувате луѓето и тие вас, тогаш имате добра иднина. Се трудам да живеам по овој принцип, прави добро, со добро да ти се врати па дури и кога работите не одат како што треба.

Несомнено имаше многу други кои беа поталентирани од мене. Разликата беше во мојата желба да се постигне повеќе. Тие доаѓаа, тренираа а потоа со пријателите одеа во клубовите до полноќ или на кино. Истото го правеа и преку викендот. Како резултат на тоа, кога доаѓаа во вежбалната немаа потребна свежина и леснотија да вежбаат. Сакаа фудбал, но подеднакво и забава“.
Во автобиографијата, еден од најдобрите светски напаѓачи зборува за тоа колку му било тешко кога на 5 години ја напуштил татковината и како започнала неговата фудбалска кариера. 

„Сè што сакав беше да станам професионален фудбалер. Мразев да губам, особено во младоста. Често после поразите плачев и ми се мешаа очајот и бесот. Играта беше сè за мене, моја страст, мој живот. После часовите во Антони (предградие на 11 км од Париз), јас трчав на воз за да стигнам на натпревар или тренинг. Често налетував на моите другари кои го џвакаа својот Биг Мек и ми се смееја. Велеа: `Овој многу озбилно ја сфаќа работава, како навистина да ќе стане професионалец, ќе игра за ПСЖ или за некој таму`. Но јас бев одлучен и верував во себе. Бев спремен да жртвував сe за еден сон.
 
Сега е полесно затоа што клубовите располагаат со многу пари, но пред 20 години во француската лига не беше така. Се занимавав со фудбал не за пари. По завршувањето со школото, кога конечно се фокусирав на настапите со Леваплуа добивав по 175 фунти за победа и ништо за пораз.
 
Играв фудбал од искрена љубов кон играта. Само низ фудбалот имав прилика да се искажам. Се сеќавам кога еднаш татко ми дојде да ме гледа, а потоа дома ми пријде и ме праша: `Кој си ти навистина, Дидие? Кој? Дечкото што го гледав изгледаше среќен, секогаш зборуваше, ги насочуваше луѓето, гестикулираше, уживаше`. Вистина. Бев познат како затворен тинејџер, а во фудбалот чувствував права слобода“.

По некое време почнав да размислувам како би било да ја развивам кариерата на друго место, на повисоко ниво. Во Леваплуа се беше сјајно, но бевме аматери, клубот играше во Националната лига 2, во четвртиот ранг на францускиот фудбал. Тогаш ја запознав и мојата идна сопруга, Лала со која нашиот однос стана многу сериозен на 19 години (поради фактот што таа живееше во регионот Бретан и беше тешко физички да се гледаме). Таа ме инспирираше да освојам повеќе врвови. Стана важен дел од мојот живот и кариера, и ништо немаше да постигнам без нејзината неверојатна љубов и поддршка поради што едно поглавје од книгава го посветив на моето семејство. 

„Почнав да им праќам биографија на сите клубови од Лига 1, со надеж дека некој ќе ме викне на проба. Можеби не делува изненадувачки што мнозинството не одговорија, а останатите пишаа само кратко „Не". Можеби бев обесхрабрен, но не сакав да се предадам.
Еден ден кога имав 18 години, чичко ми ми рече дека со помош на некои луѓе ќе организира проба во Рен. Тој беше и остана клуб на доста високо ниво со фантастична академија која произведе некои големи играчи.

Никој од клубот, вклучувајќи го и Жак Лончар, тренерот на првиот тим не кажа ништо и јас ја пробав својата среќа. На вториот ден од пробата, ја скратија листата на 23 лица меѓу кои бев и јас. Изгледаше дека сонот е на дофат. Следниот ден дури отидов да тренирам со првиот тим во кој беше еден Силвиан Вилтор. Бев пресреќен“.

„Еуфоријата не траеше долго. Следниот ден еден од Рен се јавиле во Леваплуа да дознаат нешто повеќе за мене, а кога стигнав дома таа вечер дознав дека Лончар се јавил и кажал дека не одам никаде. Следниот ден ми се јави лично тој и ми кажа дека не му се допаднало како сум се однесувал, иако сакав да му објаснам дека сум амбициозен и сакам да дојдам до следното ниво. Сонот го фрлив во ѓубре.

Бев на прагот на 19 години, а моите врсници Давид Трезеге и Тиери Анри веќе беа значително пред мене.

Сепак, Лончар беше фер и вети дека ќе помогне да најде друг клуб за да ме види. Наскоро тој го одржа својот збор и отидов во Генгамп, уште еден голем тим од првата лига. Првиот тренинг помина на ура, а на вториот игравме против првата екипа но по еден дуел ми ја скршија метарзалната коска и морав порано да завршам.

Не можев да верувам колку лоша среќа имам и на патот кон дома бев загрижен дека веројатно ја пропуштив главната шанса. Кога ќе имам пак таква шанса?

Чудно беше што и покрај двата неуспеси, продолжив да се надевам и цврсто да си викам: `Еден ден ќе бидеш таму`. Вербата никогаш не ме напушти. Не знам од каде беа причините да бидам упорен, но фала Богу успеав“.

Сосема ненадејно заѕвони телефонот и ме побара младинскиот тренер на ПСЖ, Доминик Леклер. `Можеш ли да дојдеш во нашиот тренинг центар Камп де Лож`? Му раскажав дека поради повреда не можам веднаш да почнам со тренинзите, но тоа не го спречи и јасно ми стави до знаење дека е заинтересиран за мене. Очигледно нивните скаути ме следеле некое време. Имав медицински преглед и јасно беше дека два месеци нема да можам да играм. Се преселив во Камп де Лож. Тоа е западно од Париз, мало место наречено Сен Жермен-ан-ле, три пати поголемо од Леваплуа и Антони.

Ме однесоа во салата за состаноци, каде што претставниците на клубот го претставија мојот предлог-договор. Бев сам, ни татко ми со мене, ниту никој од Леваплоа не дојде со мене, немав ниту агент. За првпат во животот бев изненаден. Бев на проба, а ми нудеа хонорар од 7.000 франци (околу 700 фунти) месечно што беше огромна сума за мене во тоа време.

И покрај тоа ми дадоа два пара копачки Најк. Со еден збор страшен договор. И не само тоа, ми река дека планираат да ми дадат автомобил Опел Тигра. Во тој момент имаа само двајца со таков договор во младинската школа. Не ми се веруваше!

Пред да потпишам со пенкалото на хартијата, еден човек ми кажа: `Јасно ти е дека договорот е на една година. Играш добро - го продолжуваме. Не играш добро - на крај на сезона те отпуштаме. Се разбира дека не можеме да ти гарантираме дека ќе останеш во составот во случај на повреда. Во договорот има таква клаузула`.

„Со тоа ме оставија замислен. Оддеднаш ми текна дека мора да се соочам со притисок каков што сум немал порано. Тоа значеше дека во случај да не ги исполнам очекувањата за една година ќе се вратам на почетокот и ќе почнам од нула. Времето истекуваше. Пет минути, десет, дваесет. Никој околу мене, ни трага ни глас. Се загрижив. Што се случува? Тие се вратија: `Уште си овде? Да не се предомисли?` Не покажаа интерес, се чувствував исплашен. `Добро, ти даваме пет минути`, ми рекоа.

Тие пет станаа триесет и пет, па четиресет минути. Станав и исплашен си отидов, збунет од тоа што се случи.

Кога се вратив дома, татко ми ме праша: `Потпиша договор? Му реков заканувачки Не! Зошто? Затоа што ме принудија со сааати да чекам во соба и никој не покажа ни најмал интерес и заминав од таму. -Но зошто?! Си требал да чекаш! Иако Доминик Леклер покажа интерес за мене, остатокот од приказната со ПСЖ не беше најдобро искуство за мене. Искрено почувствувам леснотија, но татко ми не можеше да поверува. Не дава шанса ПСЖ на секој.

На крајот му кажав дека бев исплашен од нивниот однос и тој ме разбра“.

Првото поглавје од автобиографијата на Дидие Дрогба