Работа треба! Без работа нема (кој сака нека речи)
Како што Мајкл Џордан неповратно е врзан со Најк, како што Стив Џобс е првата асоцијација на спомнување на Епл а Кока кола го ембедираше Дедо Мраз во својот бренд, така Албер од село Лажец е драгоцено заштитно лице на битолски дистрибутери на земјоделска машинерија. Подобар не можеле да најдат! Албер Рушидовски не е манекенска шасија, тој е лајфкоуч и мотивационен гуру чија љубов и страст кон работата е неодолива.