Шампионската 2025-та на Елена Каранфилоска, амбасадор на Македонија во скајранинг

Сте чуле или можеби, сте се пробале ли во Skyrunning? Форма на планинско трчање што се одвива на ниски, средни и високи, планински терени. Имаме девојка која гази во овој спорт.

Елена Каранфилоска од Прилеп е прв државен првак во Македонија во женска конкуренција, во првата скајранинг лига во Македонија, составена од 5 трки во 3 дисциплини.

Го сметаат за еден од најтешките спортови, кој се состои од планинско трчање на ниски, средни и високи планински терени. 

Се карактеризира со стрмни падини и предизвикувачки патеки кои често бараат од тркачите да ги користат рацете за да се тркаат преку камења и други пречки. 

За скајранингот натпреварувачите мора да бидат физички и ментално подготвени, бидејќи спортот бара високо ниво на издржливост и способност за движење на тежок терен, како и искуство со трчање по планини.

Сезоната 2025-та за Елена е фасцинантна. Имаме јунак од сенка во екстремен спорт за кој малку се знае и пишува. Стигнала до неколку високи места во светска и европска конкуренција. Одиме со ред:

Вкупно 6 трки заедно со финалето Скајмастер на Skyrunner World Series 2025 - најмасовното и најелитното светско натпреварување:

- Tatra SkyMarathon - 3. место
- Grigne Skymarathon Trofeo Davide Invernizzi - 5. место
- EDP Sobrescobio Redes Trail - 7. место
- Monte Zerbion Skyrace - 8. место
- Saint-Jeoire Trail Festival - 11. место
- Marató dels Dements - Skymasters Final - 6. место

- Сè вкупно 9. место во елитната скајранинг светска серија!
- Европско првенство skysnow Тарвизио, Италија - 6. место
- Европско првенство Скајранинг Априка, Италија - 9. место

Апсолутна доминација на трките од домашната Скајранинг лига со рекорди на четири патеки:

- Титов Врв скајрејс државно првенство 2 часа и 51 минута
- Љуботен скајрејс 2 часа и 34 минути
- Чупино вертикал 50 минути и 20 секунди
- Летница треил 2 часа и 13 минути

Епизода од подкастост „Обични луѓе“ - Елена и Антонио: луѓето што со часови трчаат по планини и уживаат во тоа

15 ноември 2025 - 08:41