Актуелниот светски првак лани во финале го растури силниот ПСЖ со 3:0 во рок од 20 минути, а сега не може гол да даде. Статистиката која излезе е нестварна.
Лидс Јунајтед како 17-то пласиран, го изненади четвртопласираниот Челси со триумф од 3:1. Убав гол даде Јапонецот Ао Танака, а неодбранливо ја заби и Словенецот Јака Биол со глава. Голем кикс во одбрана на Тосин Адарабијо, кој буквално им го поклони третиот гол.
Арне Слот е во проблеми. Ливерпул губи три меча во една недела од кои два во Премиер и еден во ЛШ. Дербито на колото го реши 18 годишниот Естевaо и тоа со неговиот дебитански гол во дресот на Челси за конечни 2:1. Атрактивен гол даде Моисес Каиседо во 14 минута, а за гостите погоди Гакпо.
Стратегот на Челси пред полуфиналето против Флуминенсе зборуваше дека европските клубови, за разлика од бразилските, на Светското пристигнале под други околности. Челси одиграл 63 меча во текот на сезоната, па го праша новинарот колку одиграле тие? Немаше реплика после одговорот. Се зезна што праша.
23 годишниот бразилски напаѓач имаше деби од соништата за Челси. Постигна два гола за победа на Челси над Флуминенсе од 2:0 и пласман во финале, каде ќе игра со победникот од дуелот Реал - ПСЖ. Жоао Педро не ги славеше головите, бод респект кон клубот каде се калеше и ја почна кариерата.
Челси ја елиминираше Бенфика во осминафинале со 4:1, но после 1:1 во регуларните 90 минути. Капитенот Рис Џејмс во 2025-та има постигнато три гола, од кои два од слободен удар. Веројатно никој не очекуваше дека вака ќе ја изведе.
Такви времиња дојдоа, со висока технологија. Кај секој гол од Узбекистан до Америка може да го видиме на јутјуб од повеќе камери, како и од навивачки агол снимен од трибини, сега и судиите ни ја овозможуваат нивната перспектива. Челси во Д групата на Светско го совлада Лос Анџелес со 2:0. Ова е првиот гол кој го постигна Педро Нето.
Челси и Бетис вечерва ќе се борат за пехарот во третото по ранг клупско европско натпреварување. Се игра во полскиот град Вроцлав. Угостителите веќе ја бројат штетата од навивачите, а на полицијата им се отвори бајаги работа.
Што ли купувале Тотенхем и Манчестер Јунајтед кои ќе испаднеа за малку сезонава или Арсенал? Па трофеј со очи немаат видено овие три екипи. На Манчестер Сити му се исплати овој влог, тројна круна освоија, а најинтересен е податокот на Реал Мадрид. Со 5 милиони евра вложени изминативе 5 години за одбрана, освоиле 12 трофеи од кои две во ЛШ.
Брентфорд и Челси го одиграа најдосадниот резултат во фудбалот, а највиновен за тоа е Сеп ван ден Берг, кој на 10 минути до крај можеше, односно мораше да ја реши. Се чудеа и соиграчите и коментаторите, а тој самиот се држеше за глава откако сфати што промаши.
Челси го доби лондонското дерби против Вест Хем со пресврт од 0:1 на 2:1. Погледнете го совршениот слободен удар на Кол Палмер, кој се соочи со одбрана, онаму каде што обично голманите се немоќни. Маестрална парада на Алфонсо Ареола.
На нерешените резултати од Премиер лигата синоќа, се приклучува и Челси, кој водеше против Борнмут со голот на Палмер, па губеше и на крај се спаси. Работата ја заврши Рис Џејмс во 95-та минута за конечни 2:2.
Снимката е од пред 40 години од мечот Челси - Манчестер Сити во Милк Купот, денес познат како Карабао Куп или наједноставно Лига Куп. Изведувачот е Пет Невин, а коментаторот е запрепастен и со право ќе го прогласи пеналот за најлош.
Па уште и во Челси. Се работи за Бенуа Бадијашил за кој Сините од Лондон, пази, на Монако во јануари 2023-та му платија 37 милиони евра. До крајот на првата сезона имаше 11 настапи во Премиер лига, а минатата сезона 18. Добро, што скаути ќе имаше овој Челси?
Иако има 21 година, Кол Палмер руши сè пред се. Стана прв играч на Челси после Френк Лампард со 4 гола на еден меч, па дури и го стигна Халанд на листата на стрелци.
Челси понеделнички се отвори со дури 6 парчиња во мрежата на Евертон од кои 4 се на Кол Палмер. За пенал бе фатија да се расправаат, па потоа Покетино им одржа лекција.
Тешко се раскажува синоќешниот пресврт од дербито на колото во Премиер лига, меѓу две екипи без карактер, кои котираат на 6-та и 10-та позиција, а едно време демонстрираа моќ и секогаш целеа на титулата.
Челси лани заврши на 12-то место со 16 порази. Сезонава веќе има 10 порази и е 11-ти со -20 од првиот. Водеа 1:0 против Вулверхемптон и на крај загубија 2:4. За тоа колку се утепани, свесни се и самите навивачи. Гостите им пеejа „You're fucking shit", а тие вратија со „We're fucking shit". Трагикомедија.
Челси има мизерен старт со само една победа по првите 5 кола во кои постигна 5 гола. Во напад го купија 22 годишниот Николас Џексон од Виљареал, роден во Гамбија, кој игра за Сенегал. Да го погледнеме.
Далечно почна да изгледа ерата на Ферги и веќе 10 години како се симнати од тронот, ама уште се први со 13, а нивниот градски ривал стигна до 7. Трет е Челси со 5 титули. Арсенал да би можел, би ја избришал сезонава од евиденција.
Да го прочитавме ова за Саутемптон, Херта Берлин, Сампдорија, Елче и Анжер како последни на табела во топ 5 лигите, ајде некако, ама како за довчерашен англиски и европски првак ова е многу срамно и понижувачки.