Големото засилување на Стемфорд бриџ ќе сака што побрзо да го заборави првиот меч за Челси. Само што го облече синиот дрес направи непромислен старт, вреден чист црвен картон.
Англискиот шампион во рок од четири дена, два пати го совлада Челси. Прво 0:1 во Премиер лига, па 4:0 во ФА Куп. Сините не знаат кај тераат сезонава. Елиминирани се од ФА Куп и од Карабао Куп и плус во првенство се 10-ти на табела со само 7 победи по 17 кола. Погледне како момците на Пеп си ги играа синоќа при третиот гол.
Челси има математички обезбеден пласман во нокаут фазата од ЛШ откако синоќа го совлада Салцбург на гости со 1:2. И двата гола на Хаверц и Ковачиќ се мајстории за издвојување. Во последното коло го пречекуваат Динамо Загреб.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми го срушиja ланскиот европски првак во првото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Човек на одлука е Мирослав Оршиќ.
Продолжува проклетството на Јувентус во нокаут фазата од ЛШ кој повторно се соочува со елиминација од противник против кој имаше статус на фаворит. Виљареал и нанесе дебакл на Старата Дама со 3 комада за 14 минути. Челси со пресврт славеше против Лил.
Замрзнувањето на имотот на Роман Абрамович, значи и замрзнување на клубот според пет ставки. Една од нив е тоа што на Стемфорд Бриџ може да одат навивачи само со сезонски билети.
Со головите на Тијаго Силва и Хаким Зијеш, Челси го доби градското дерби против Тотенхем. Голчиштето на Мароканецот го разубави мечот. Убавина од потег.
Го донесоа како еден од најголемите таленти во Шпанија за кој на Севиља и платија 25 милиони евра плус Ерик Ламела. Тоа е Брајан Хил, роден 2001-ва. Погледнете го како игра еден на еден. Скроз го измести.
Челси и Ливерпул приредија гол шоу на полувремето од новогодишното коло во Премиер лигата. Првите 45 минути завршија со резултат 2:2, а страшното голчиште на дербито постигна Матео Ковачиќ.
Скоро секој фудбалски клуб има некоја маскота во соблекувалната задолжена за циркуси. Во Челси тоа е еден лик кој освен што е масер и ги релаксира фудбалерите со масажи, тој ги смее до солзи со заразна насмевка. Скоро две децении е на „Стемфорд Бриџ“.
Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип беше стартер за Малме против актуелниот европски првак кој го доби гостувањето во Шведска со 0:1. Волфсбург му врати на Салцбург за поразот во претходно коло и изби на второто место во групата Х пред Лил и Севиља.
Челси со 4-0 го совлада шведски Малме за кого од 58’ минута играше новиот македонски репрезентативец Ердал Ракип. Кристенсен, Жоржињо два пати од пенал и Кај Хаверц му донесоа нови три бода на Челси ама Тимо Вернер си дозволи ново промашување пред гол и им даде нов шлагворт на редовните мајтапџии.
Дечкото дојде во септември 2020 во Челси а на 29 мај 2021 освои Лига на шампиони во големото финале со Манчестер Сити каде блескаше. Колегите од репрезентацијата на Сенегал се чудат зошто го нема на поширокиот избор за Златна топка.
Габриел Жезус го реши дербито на колото во Премиер лига и му донесе големи 3 бода на својот тим на Стемфорд Бриџ. Најчудниот дуел на мечот го имаа Аспликуета и Грилиш.
Антонио Рудигер во класична бековска соло акција кога на тимот не му оди, а тој стиска на R2 и рине до крај од пуста желба да даде гол. Ако го дадеше, сите ќе го збореа.
Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.
Еден од најдобрите фудбалери во Суперкупот на УЕФА кој Челси го доби на пенали против Виљареал, беше 22-годишниот стопер Тревох Чалоба кој за првпат заигра за првиот тим на „сините“ кои до сега го праќаа на разни позајмици.
Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.
Искусниот шпански арбитар беспрекорно си ја изврши задачата во финалето на Лига на шампиони меѓу Манчестер Сити и Челси. Во еден момент џентлменски му подаде рака на Рудигер па културно му покажа жолт картон за грубиот прекршок над Де Брујне.
Пред 14.100 гледачи (официјално од УЕФА) на велелепниот „Драгао“ во Порто, Челси со маестрална тактика поставена од Томас Тухел, заслужено по втор пат во историјата ја освои титулата во Лига на шампиони. Првпат после 2012-та година и десантот во Минхен на Дрогба.
Секој сака да игра во Лига на шампиони, особено кога се наоѓаш во таа зона, а губиш и ти гори во последно коло. Лестер синоќа загуби од Челси, а со тоа го загуби и третото место, па играчите ги загубија и нервите.