На 1 ноември Јутјуб каналот Beyond The Ball објавил интервју со играчот на Челси Били Гилмор кој сезонава игра во Норвич како позајмен.
Били раскажа многу интересни детали од соблекувалната на Челси, а спомна и дека доброто расположение во финалето на Лига на шампиони го држел масажерот Бил Мекалок.
Интересно Бил е еден од малкумината, речиси единствен во клубот кој е тука уште од епохата на Жозе Мурињо и ги преживеал сите кадровски промени во ерата на Роман Абрамович. Тој прво дошол во Челси како технички персонал, а таквите лица обично не се задржуваат долго на „Стемфорд Бриџ“ и си одат заедно со тренерскиот штаб во заминување.
Макалок успеал да ги преброди сите смени во клубот. Секоја година неговата улога во богатиот гигант од Лондон станува се позначајна. Еднаш Џон Тери, легендарниот капитен го нарекол Бил најсмешниот човек на светот.
За неговите вицеви, заразно смеење и досетки има цела рубрика на клупскиот канал на Јутјуб.
Со прави коментарите под секое видео со Бил велат дека шегите не му се толку смешни колку начинот на кој се смее откако ќе ги каже.
Еднаш Били боксувал после вечерата со Диего Коста. Додека играчите хистерично се смеат Били мавта со ракавици а Диего Коста во еден момент „го нокаутира“.
По триумфот над Манчестер Сити на сред „Етихад“ во февруари 2014-та тогашниот менаџер на Челси Жозе Мурињо бил прашан од новинарите што им рекол на играчите пред мечот. Португалецот мирно одговорил:
„Јас ништо не кажав. Со екипата разговараше масажерот Били. Он толку многу збореше на шкотски јазик што јас дури ништо не го ни разбрав. Сериозно ви велам, ништо не разбрав, ама играчите аплаудираа гласно. Си помислив: „Океј, пушти нека биде така“.
Проблемите со разбирање на говорот на Били Макалок нема само Мурињо туку и други странци во Челси. Не ги сфаќаат добро ни шегите кои ги кажува на брз англиски јазик.
Еднаш Тери и другите играчи на Челси го убедиле некогашниот селектор на Англија Стив Мекларен да го повика масажареот Били во репрезентациајта, ама некои играчи од другите клубови не биле баш расположени од идејата. А кај строгиот Фабио Капело Били морал да го напушти стручниот штаб. Требал некој посериозен.
Секако, Били не е мотиватор ни генијалец за мотивациони говори, ама со неговите циркузи знае да ја опушти екипата. Макалок точно чуствувал кога екипата е падната и со глупави анегдоти и досетки, пред се со смешни крици и заразно смеење успева да ги крене.
За него тврдат дека е меѓу најзаслужните што Челси по втор пат стана европски шампион и ја освои титулата во Лига на шампиони.