"Не е во самото тркало, брилијантноста на идејата се однесува на целиот систем на тркала со осовина", објаснува проф. Дејвид Ентони од Хартвик колеџот, "а тоа не било лесно да се направи."
За да се изработи целиот систем билa потребно многу прецизна изработка на краевите на оските и нивно фино штелување со отворите на тркалата.
Успехот на целата шклопоција главно зависи од големината на оската: ако е претенка, ќе нема триење ама нема да може да понесе товар, ако е предебела, системот нема да се тркала туку ќе се влече.
Поради деликатноста на системот, Ентони претпоставува дека до изумот не се дошло во фази туку дека се работи за еднократно откритие, се случило еднаш, на едно место, а потоа почнало "вирално" да се шири низ Евроазија и Средниот Исток.
До неодамна се претпоставуваше дека татковина на тркалото е Месопотамија (денешен Ирак), но најстари докази за негово постоење се најдени на територијата на денешна Полска. Од друга страна, лингвистичките траги водат кон заклучок дека е пронајдено од луѓето кои живееле на територија на денешна Украина.