По осум успешни години во Милан со кој освои 8 трофеи од кои две титули во ЛШ, како и едно Скудето, Карло Анчелоти стана тренер на Челси.
Потпиша на 1 јуни 2009-та и го замени Гус Хидинк и всушност стана четврти тренер на Челси во рок од 21 месец после Мурињо, Грант и Сколари, како и трет Италијанец после Виали и Раниери.
Договорот требаше да падне една година порано кога Роман Абрамович во него гледаше замена за Мурињо, но на крај нешто тргна наопаку и на Стемфорд Бриџ пристигна светскиот првак со Бразил од 2002-ра, Фелипе Сколари.
Во својата автобиографија, Анчелоти ќе каже дека една од причините за недостигот на договорот е неговиот многу слаб англиски. Потоа работите се менуваат.
10 дена по потписот наполни 50 години и во тој период веќе стана познато тренерско име во Европа, но без искуство во странство.
Тоа ќе биде негов животен избор со кој ќе ја обликува неговата кариера. После 9 години ќе се врати во Италија во Наполи, но потоа ќе направи кам бек на патеката која и денес се движи надвор од Италија.
ЈАЗИКОТ ЗА УЧЕЊЕ И ПРИТИСОКОТ НА АБРАМОВИЧ
Како за почеток, Челси го прати заедно со неговиот соработник Бруно Демикелис во Холандија на една недела, на интензивен курс по англиски јазик, по 10 часа дневно.
Сан ги соопшти деталите од договорот, три годишен вреден 7 милиони евра по сезона. Веќе во август Челси го освои Комјунити Шилд против Манчестер Јунајтед на пенали. Добар почеток, но сепак притисокот е голем.
Абрамович е многу присутен и постојано бара тактички објаснувања од Анчелоти, кој е навикнат да ги дава со оглед на долгогодишната соработка со Берлускони.
Рускиот милијардер има само една цел и и му ја кажува на тренерот без двоумење, а тоа да се освои ЛШ. Првата желба на Карло не е исполнета, а тоа е Андреа Пирло.
Трансфер пазарот не е раскошен како претходните години. Пристигнува Жирков од ЦСКА Москва и младиот Матиќ. Но сепак тимот е силен со Тери, Лампард, Есиен, Ешли Кол, Балак, Чех, потоа Деко, Рикардо Карваљо, Малуда и Калу.
Тука е и феноменалниот Дрогба, кој ќе ја заврши годината како најдобар стрелец на клубот со 29 гола во Премиер и вкупно 37.
ДВОЈНАТА ТИТУЛА
Најкритичен момент за Анчелоти е елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите против Интер. Внимавајте, тоа е Интер на Мурињо, кој на реваншот (16 март 2010 година, Челзи-Интер 0:1) излегува од Стемфорд Бриџ како победник.
За Карло тоа е елиминација, за Абрамович назадување. Од сите може, но не и од Мурињо. Абрамович го изразува своето незадоволство, клубот го отпушта заменикот и пријател на Карло, Реј Вилкинс и тоа е јасен сигнал.
Англискиот печат секој ден го напаѓа Анчелоти, кој сепак како што често му се случува во најлошите ситуации, успева да најде решение. Односите со лидерите на соблекувалната Дрогба, Лампард и Тери стануваат поблиски. Карло создава семејна атмосфера и тоа ќе му го донесе успехот на сезоната.
Целта е да се оди на двојна круна, Премиер лигата и ФА Купот, подвиг кој никогаш не се случил во историјата на Челзи. Во јануари пристигнуваат две значајни засилувања: Фернандо Торес од Ливерпул и Давид Луиз од Бенфика.
Триумфот се материјализира за една недела. На 9 мај, Челзи ја освои Премиер лигата победувајќи го Виган со 8:0, а на 15 мај со победа од 1:0 против Портсмут пристигнува и ФА Купот. Така Анчелоти станува првиот италијански тренер кој го освоил англискиот шампионат.
ТЕНЗИЈА СО ГАЗДАТА И ПРОКЛЕТСТВО СО ЈУНАЈТЕД
Втората година на Анчелоти во Лондон е комплицирана. Абрамович му замерува дека е премногу мек со играчите и никако да се создаде хемија на релација тренер - газда.
Сезоната е лоша, бидејќи завршува без ниту еден трофеј. Челси почнува со губење на Комјунити Шилд од Манчестер Јунајтед, кој се игра секогаш во август. За сините, заедно со пријателските тоа е четврти пораз во низа.
Тимот на Алекс Фергусон се враќа како проклетство цела година. Токму Црвените Ѓаволи ја освојуваат и Премиер лигата, речиси без конкуренција. Челси и Сити на Манчини заостануваат по 9 бода, Анчелоти се соочува со нова елиминација во ЛШ и тоа баш од Манчестер Јунајтед во четвртфинале.
Во меѓувреме Челси е елиминиран и од ФА Куп и Карлинг Куп. Раната е Лига на шампиони. Април месец и сите собрани неуспеси од сезоната се одлучувачки за предвремен раскин на договорот.
АНДРЕ ВИЛАШ БОАШ
Официјалното соопштение за отказот пристигнува на 22 мај. Како Абрамович да сака да раскрсти со Анчелоти што побрзо. Според името на неговиот наследник, како да не може да го заборави Мурињо.
Тоа е 33 годишниот Португалец Вилаш Боаш, кој беше дел од стручниот штаб на Мурињо и поради тоа наречен „The Special Two“. Преодреден, што сепак нема да биде така.
Англиското искуство за Карло беше убаво, тешко, напорно, наградувачко и сполно со ветувања.
По гласините за можно враќање во Италија, па дури во игра беше и Интер, Анчелоти останува стациониран во кругот на рингишшпилот со клупи. Но за кратко. Седум месеци по отказот од Челси, паѓа договор со ПСЖ, како почеток на една нова авантура.